Човековата личност

cropped-cropped-orth_wp_061_1600x1200.jpg

Протоереј Грегори Халам

Томас Скот Елиот ја почнува и завршува песната “Источен Кокер” – втората песна од “Четири квартети” – со зборовите: “Во мојот почеток е мојот крај,” а во последниот дел од таа песна тој го предизвикува секој од нас со зборовите: “Домот е онаму од каде што секој почнува. Како што старееме / Светот станува туѓ, моделот на смртта и живеењето – посложен. Не само посебен, моќен момент / без пред и потоа, / туку животниот век гори во секој момент. / Не животот на еден човек, туку на стари камења што не можат да се разгатнат (Home is where one starts from. As we grow older/The world becomes stranger, the pattern more complicated/Of dead and living. Not the intense moment/Isolated, with no before and after,/But a lifetime burning in every moment/ And not the lifetime of one man only/But of old stones that cannot be deciphered).”1

Елиот пишувал во 1940 година, кога навистина “животот горел во секој момент.” Сепак, тој пишува за нешто повеќе од војна и смрт, кога ја завршува “Источен Кокер” со зборовите: “Мора уште и понатаму да се движиме / во друга моќност / За поприсно единство, подлабока заедница / Преку мрачното студенило и зачмаената пустелија, / Бранот плаче, ветрот плаче, огромните води / на албатросот и морското прасе. Во мојот крај е мојот почеток. (We must be still and still moving/Into another intensity/For a further union, a deeper communion/ Through the dark cold and the empty desolation,/The wave cry, the wind cry, the vast waters/ Of the petrel and the porpoise. In my end is my beginning).” Зборовите на Елиот укажуваат на предизвикот со кој се соочуваме како човечки суштества – да бидеме “пред Бога” и “ сè уште да се движиме во друга моќност, за поприсно единство, подлабока заедница.” Да научиме како “сè уште да бидеме” пред Бога, движејќи се кон “поприсно единство, подлабока заедница” – тоа е она што Бог го посакува за секој од нас како доживотен предизвик – предизвик да се живее нашето Крштение како постојано обновување на нашиот живот во Бога и со Бога.

Околу 1900 години пред Т.С. Елиот, 51 г. по Христа, св. апостол Павле во последната глава на 1.Солунјаните – можеби најраното канонско послание – нè соочува со слична моќност (intensity) како кај Т.С. Елиот, со молитва; сегашниот момент од нашиот живот „да биде запазен целосно” и да нè воведе во целосно единство со Христа.

Меѓутоа, додека Елиот во првата строфа на “Burnt Norton” – првата песна од “Четири квартети” – недвосмислено изјавил: “Ако целото време е вечна сегашност/ целото време е неоткупливо”2, св. Павле се молел дека, токму преку откупот на сегашниот момент на нашиот живот се движиме “во друга моќност”, каде што минатото, сегашноста и иднината се откупени во секоја личност. Continue reading

Прародителскиот грев и спасениетo

Автор: протоереј Грегори Халам. Превод од: Ancestral Sin And Salvation

Вовед: Барање на заедница со Бога во врска на Љубов

Бог ни дал слободна волја, исто како што и на Адам и Ева им дал слободна волја. Зошто? Како што Митрополит Калистос нè потсетува во неговата книга Православниот пат: “Како Троица на љубовта [Отец, Син и Светиот Дух], Бог копнее да го сподели својот живот со луѓето создадени според својот образ, кои би биле способни да му одговорат слободно и доброволно со љубов. Каде што нема Слобода, не може да има љубов.“1 Изборот, кој бил поставен пред Адам и Ева сѐ уште се поставува секој ден од нашиот живот пред секој од нас – дали да се обратиме кон Бога или кон себеси, бидејќи ние решаваме како да го живееме животот.

Во многу важен аспект, човечкиот грев – од минатото или во сегашноста, е една од можните последици на слободната волја, која Бог ја дал секому од нас. Наместо да се фокусираме негативно на минатите или на сегашните гревови, прво да подзапреме и да заблагодариме за тој огромен дар – слободната волја, што Бог го дал на секое човечко суштество:

…Бог ризикувал, зашто со тој дар на слободата беше дадена и можноста за грев. Но, оној што не презема никакви ризици, не љуби. Без слобода немаше да има грев. Но, без слобода човекот немаше да биде според Божјиот образ; без слобода човекот немаше да може да влезе во општење со Бога во однос на љубов.2

Основната цел на ова предавање е да ја разбереме таа врска меѓу слободната волја и гревот – за Адам и Ева и за нас – за да можеме ние и нашите семејства да влезат во “врска на Љубовта” со Бог и со другите. Предизвикот со кој сме соочени, добро го опишал архимандрит Василиј, игумен на манастирот Ивирон, на Атон: “Бог е љубов и Тој е апсолутна слобода; во слободата љуби и во љубовта нуди слобода.”3

Continue reading

Што е Вистина?

Автор: протоереј Грегори Халам

Вовед: Вистина vs. Релативизам

“Што е вистина!? – овој извик на Понтиј Пилат запишан во Евангелието според Јован одекнува низ епохите до денес, а изгледа, денес има особена резонанца, кога, според многу интелектуалци, само науката ја има објективната вистина, како што некогаш тврдела теологијата за себе. Тој пресврт донекаде го забрза светот, кој како да се смалува (станува глобално село), што го носи предизвикот почесто да се сретнуваме со други вери, други религии. Денес, кога многу често соседот припаѓа на друга верска заедница, кога на мал простор се среќаваат луѓе од различни религии, не е лесно да се тврди или да се согласиме дека една религија може да биде вистинита, а друга – лажна. Continue reading

Митрополит Пергамски Јован (Зизиулас): Беседа за Таинството Покајание или Исповед (1 дел)

Почитуваниот Митрополит Пергамски Јован се осврнува на историскиот развој на таинството, на застранувањата во неговото разбирање и применување, со што придонесува да биде преиспитано и (евентуално) корегирано неговото денешно разбирање и практикување.

Јасно е дека јавната исповед останува во минатото, но актуелно е прашањето; дали секој свештеник треба да биде и духовник и исповедник, или само исповедник во смисла да ислуша исповед и да прочита разрешителна молитва, без да се впушта во духовно раководство?

Колку е неопходна Исповед непосредно пред причест и како настанала таа пракса? Каква самостојност и самовредност има Исповедта ако остане незапечатена од причестувањето на Света Литургија? Исповедта е приватен чин или еклисиолошки настан? За тие и други проблеми читајте во првиот дел од беседата за таинството Исповед или Покајание.

Continue reading