Схематски приказ на тајната на Троичноста според преподобен Максим Исповедник

Во магистерската дисертација на истакнатиот руски патролог С.Л. Епифанович «Преподобный Максим Исповедник: его жизнь и творения» се претставени уникатни ракописи на некои оригинални творби од преподобниот, кои биле издадени само еднаш. Една од нив е ракописот од XVI век, во кој шематски е прикажана тајната на Троичноста според преподобен Максим Исповедник. Во статијата на П.Е. Михалицин, (објавена на bogoslov.ru) за првпат од грчки на руски е преведен тој особено интересен богословски документ.

Се надевам дека ова дело од преподобен Максим (копија oд ракописот на Константин Палеокапа 1539–40 г., во .pdf и преработка на шемата на македонски во .pdf формат), ќе биде интересно како за патролозите и догматичарите, така и за сите љубители на светоотечкото наследство. Continue reading

Света и Велика Сабота

krajno-smirenie

Денешниот ден мистично великиот Мојсеј го предизобрази, велејќи: „И го благослови Бог седмиот ден,” оти ова е благословената Сабота. Ова е денот на успокојувањето, во кој одмори од сите Свои дела Еднородниот Божји Син, преку промислителна смрт, со плотта саботствуваше//се успокои: и во она што беше повторно се врати со Воскресението, а нам ни даруваше вечен живот, како Едниот Добар и Човекољубец.

Човекоубиствен, а не богоубиствен, беше гревот на Адам: иако страдаше земната природа на Твојата плот, но Божеството нестрадално остана. Твоето пропадливо го преложи во непропадливо и со Воскресението се покажа Извор на непропадливиот живот.

Царува адот, но не векува над човечкиот род: оти Ти се положи во гроб, Силен, со живовластната дланка, катанците на смртта си ги скршил и за оние што од векови таму спијат, нелажно избавување си станал Спасу, првенец од мртвите.

Оној што бездната ја заклучи, мртов е виден и со смирна и плаштаница е обвиткан, во гроб е положен смртен, Безсмртниот: жени дојдоа да го помазаат со миро, плачејќи и горко и викајќи: оваа Сабота е преблагословена, во неа Христос заспа, ќе воскресне тридневен.

Од стихирите на Утрената на Велика Сабота

Велики Петок

Страшно и преславно таинство дeнес дејствено сe гледа:
Неопипливиот е задржан,
врзан е Оној што го одврза Адам од клетвата,
Оној што ги испитува срцата и внатрешноста – неправедно е испитуван:
во темница е затворен Оној што бездната ја затвори,
пред Пилат стои Оној пред Кого со трепет стојат небесните сили,
удиран со рака на создание е Творецот,
на дрво е осуден Оној што им суди на живите и мртвите,
во гроб е заклучен Разорителот на адот.
На Тебе што сè трпиш милосрдно и сите ги спасуваш од клетвата, Незлобив Господи, слава Ти.

Стихира од Вечерната богослужба на Велики Петок

Од празничните стихири на Обрезание Господово и свети Василиј Велики

Трпи обрезание по тело Оној што од Отецот без отсекување и пропадливост неизречено се роди како Слово и како Бог од Бога, останувајќи во непроменетото Божество. Така по законот Оној што е над законот од клетвата на законот ги избавува сите и одгоре благослов дарува. Затоа, предоброто Негово слегување фалејќи го, пееме и благодарно прославуваме, Него молејќи го; на нашите души да им дарува голема милост.

Откако стана божји син по благодат со преродувањето на Божественото крштение, според природата и вистината, и првовечниот Син Божји и Слово, како Едносуштен на Отецот и Собезпочетен го исповедаше, преподобен Василие, а незатворената уста на еретиците со светлоста на твоите зброви ја загради. Затоа и во Вишните Царства се всели, соцарствувај со Едниот и природно царствен Христос, кој на светот богато му раздава голема милост.

Се изли благодатта во твојата уста, преподобен отче, и беше пастир на Христовата Црква, учејќи ги словесните овци да веруваат во Троица Едносуштна во Едното Божество.

Спасителот кој слезе при човечкиот род прима повивање со пелени, не се одврати од телесното обрезание, осумдневен од Мајка, Безпочетен од Отецот. Нему, верни, да му речеме: Ти си нашиот Бог, помилувај нè.

Слично: Обрезание Господово. Свети Василиј Велики.

Воплотувањето на Божјиот Син

„Да отидеме во Витлеем и да видиме дека таму се случило она за што нè извести Господ” (Лк. 2: 15).

Црквата, Христовото тело, во сите времиња чувајќи го Неговиот откупителен подвиг на земјата, денес повторно им ја возвестува спасителната вистина на ближните и далечните, на своите членови и на целиот свет.

Таа го возвестува фактот дека Бог на отците наши, Кој од љубов во почетокот го створи човекот според Својот образ и подобие, не трпејќи го падот што отпосле настана како резултат на изопачувањето на Својот образ, го пресоздаде човекот во последните времиња. Тој го пресоздаде и прероди Своето создание на начин кој го надминува човечкиот разум и сила. Бог тоа го изврши преку воплотувањето и вочовечувањето на Својот Еднороден Син од Духот Свет и Марија Дева. „Но, кога дојде полнотата на времето, Бог го ислрати Својот Син Кој се роди од жена, се потчини на законот” (Гал. 4:4). Continue reading