Анимирани настани од Библијата: Естира

Animated-Stories-from-the-Bible-Old-Testament-Esther-NEST

The Animated Stories From the Bible: Esther

Естира, по род Еврејка, станува кралица на Персија. Таа се соочува со предизвик да го ризикува својот живот, за да го спаси животот на еврејскиот народ. Интригите и опасностите на животот во кралскиот дворец на античка Персија оживуваат во драматичниот и инспиративен приказ на верноста и храброста на Естира.

Студио: Nest Family Learning, Година: 1992, Траење: 25 мин., Јазик: English, Титлови: Македонски (вградени). Download (десен клик; Save as): Esther.avi 305 MB

Филмови – анимација од Алeксандар Петров

Зборник од филмови – анимации на Александар Петров – добитник на на наградата “Оскар” и на многу други награди за филм, а исто така е лауреат на Државната награда на Русија. Своите анимирани дела ги изработува во техника „живопис на стакло.“ Секој кадар го слика со прсти и со минимална употреба на четка за деталите. Во овој прилог ги приредувам со македонски титлови ремек-делата: “Крава//Корова” (1989), “Сонот на смешниот човек//Сон смешного человека” (1992) и “Русалка” (1996) и Мојата љубов//Моя любовь(2006).

Сонот на смешниот човек – Херојот на филмот решава да изврши самоубиство, но во последен момент заспива. Тој сонува дека умрел и се нашол на друга планета, многу слична на Земјата, но луѓето што живеат таму, не знаат за грев… Филмот е снимен според мотиви од истоимениот расказ на Ф. Достоевски. Овде можете да го погледнете и преземете со вградени македонски титлови.

Downloаd: Сонот на смешниот човек.avi 402MB

Крава – Во руската провинција, покрај железничка пруга живее едно семејство. Момчето си спомнува за нивната крава; како таа ги хранела со млеко и како кравата тажела кога нејзиното теленце го продале… (Видеото е со вградени македонски титлови.)

Downloаd: Корова (Скачать HTTP link:korova.avi) 189 МB

Македонски титлови за Корова

Русалка – Приказна со мотиви од словенскиот фолклор. Според пагански руски верувања, девојка што се удавила заради несреќна љубов, се претворала во русалка. Напролет, кога мразот на реката се растопува, младиот искушеник првпат ја здогледува русалката. Подоцна таа повторно му се појавува, сакајќи да го одвлече под вода. Кога стариот монах ќе го види тоа, разбира дека русалката е девојка што тој во младоста, пред да се замонаши, ја измамил и заради тоа се удавила. Додека русалката се обидува да го удави искушеникот, старецот влегува во борба со неа…

Downloаd: Русалка (Скачать HTTP link: rusalka.avi) 107 MB

Мојата љубов – 16-годишниот гимназијалец Антон истовремено е вљубен во две девојки и нему му претстои да разбере, каде во овој свет што светка со сите бои на сетилноста, се – ангелите, а каде – демоните. Антон, како и сите ние, сам го твори својот ад и својот рај. Тој поминува низ искушенија и сфаќа која е неговата вистинска, голема љубов.

Анимирани настани од Библијата: Рут

Animated-Stories-from-the-Bible-Old-Testament-Ruth-NEST-Christian-MovieFilm-DVD

The Animated Stories From the Bible: The Story of Ruth

Рут е библиска сторија за доверба во Бога, послушание и добрина.
Кога израелката Наоми и нејзините две снаи (инородни) остануваат вдовици во туѓа земја, Наоми ги замолува да се погрижат за себе и да се вратат кај  својот народ. Едната снаа постапува така, но Рут изјавува дека никогаш нема да ја остави Наоми и останува со неа. Верноста на Рут е наградена, кога блискиот роднина на Наоми – Вооз, ја засакува и се оженува со неа.

Студио: Nest Family Learning, Година: 1994, Траење: 25 мин., Јазик: English, Титлови: Македонски (вградени). Download (десен клик; Save as) The Story of Ruth.avi 367 MB

Анимиран филм: Бербер

Година: 2007 Жанр: Анимиран филм, Музика, Краткометражен
Режија: Надежда Ефимова. Пее: Светлана Копилова. Превод: Македонски.
Опис: Дипломска работа на Надежда Ефимова според истоимената песна на Светлана Копилова.

Анимиран филм: Прозорец

Година: 2007 Жанр: Анимација, Краткометражен, Траење: 00:03:43, Превод: Македонски
Режија: Вассель Анастасия, Пее: Светлана Копылова
Опис: Дипломска работа на Вассел Анастасија според истоимената песна на Светлана Копилова: Continue reading