Поклоништво во вечниот град: Oсудени на смрт

Паломничество в Вечный город. Идущие на смерть
Година : 2006, Русија, Жанр: Документарно-уметнички, Траење: 42 мин.
Режисер: Владимир Хотиненко
Опис: Филмот е посветен на историјата на гонењата на Христијанството од I-IV век и се состои од неколку житија: на светите Георгиј Победоносец, Климент Римски, Себастијан, Бонифациј, Алексеј, Лаврентиј. Водителот раскажува за животоот на првите христијани и за тоа, како паганскиот Рим со мачењата на христијаните приредувал масовни претстави.
Водител: Јуриј Соломин
Со македонски титлови (Се активираат на „cc – Macedonian“)

Coffee with Sister Vassa (September 26): Св. Јован Богослов

Уште една емисија со македонски титлови од: Coffee with Sister Vassa. Осврт на жититето на свети апостол и евангелист Јован Богослов.  (За активирање на преводот: „cc – Macedonian.“)

Нов видео блог Coffee with Sr. Vassa

Сестра Васа (Ларина) е монахиња од Руската Задгранична Црква, доктор по богословие, професор на Виенскиот Универзитет.

Пред две недели таа започна со објавување на 10-минутни видео емисии на yutube канал насловен Coffee with Sr. Vassa. Во емисиите, сестра Васа на особен начин ги раскажува житијата на светите. Таа го презема ризикот од вметнување суптилен хумор во нејзините настапи, воопшто не запоставувајќи ја историско-теолошката содржина на житијата. Стилот што го избрала во овој проект за многумина ќе биде поучен, а истовремено и многу интересен, додека на некои ќе им недостасува строгата сериозност на која навикнале при третирањето на вакви теми.

Бидејќи ми се допаднаа овие обработки на житијата на светите, промотивно изработив македонски титлови за едно од досегашните три изданија на Coffee with Sr. Vassa.  Овие емисии се најавени за седмично објавување. Придружени се со превод, па ако некој не разбира англиски или руски, опционално има и титлови на шпански.

Титловите се активираат по пуштањето на видеото, со клик на „cc-Macedonian.“

Документарен филм: Старци. Јован Крестјанкин

Нa Велика Сабота, оваа година, ТВ-каналот «Россия Культура» емитуваше 4 документарни филмови, посветени на православните  старци: Архиепископ Јован Шангајски,  отец Николај Гурјанов, архимандрит Гавриил Угребадзе и филм за архимандритот Јован Крестјанкин, кој гo предлагам на вашето внимание со македонски титлови.

(Титловите се активираат со клик на „сс“ – Macedonian.)

Слично на Свиток: За отец Јован (Крестјанкин)

Поклоништво во Вечниот град: Константин и Елена

св.константин-и-св.елена

Наслов на оригиналот: Паломничество в Вечный город: Константин и Елена.
Жанр: Документарен филм. Земја: Русија, 2005 г. Режија: Владимир Хотиненко. Водител: Никита Михалков.
Со вградени македонски титлови.

Филмoт раскажува за императорот Константин – првиот римски император кој ја поддржал христијанската религија на државно ниво и за неговата мајка Елена, која од Светата Земја во Рим ги пренела христијанските светињи, меѓу кои и главната светиња – животворечкиот Крст Господов… Гледачот, заедно со актерот и режисер Никита Михалков, ќе помине низ улиците на Рим и ќе слушне – колку историско, толку и вдахновено – раскажување за Константин и Елена, кои го измениле текот на историјата и подоцна се удостоиле Црквата да ги брои во чинот на светите и рамноапостолните (т.е. рамни на Христовите апостоли).

Миланскиот едикт е законски акт со кој била прогласена верска рамноправност во Римската империја, а го потпишале царевите Константин Велики (владетел на западниот дел на империјата) и Лициниј (владетел на источниот дел на империјата) во Медиолан (денешно Милано), во  313. година. Оваа година се обележуваат 17 векови од Миланскиот едикт.