Sant’Agostino (2010)

Sant’Agostino
Година: 2010
Жанр: драма, историски
Продукција: Германија, Италија
Режисер: Кристијан Дјуге
Улоги: Алесандро Прециози, Франко Неро, Моника Гуериторе, Хералд Александар Хелд, Јоханес Брендрап, Кети Луиз Саундерс, Серена Роси, Себастијан Штробел, Дитрих Холиндербаумер

Филмот Свети Августин се состои од две епизоди. Го прикажува животот на блажени Августин од раѓање до неговото упокоение на возраст од 69 години. Последните неколку недели од животот на епископот на Хипон, за време на опсадата на градот од Вандалите, се кинематографскиот контекст во кој се врамени спомените за неговиот живот и неговото обраќање во Христијанството.

Забележително е дека творците на филмот „христијаните“ ги нарекуваат „католици.“ Иако и самиот збор „католик“ значи „соборностен, црковен христијанин,“ со самото тоа што дејството се одвива во IV век по Христа, јасно е дека под „католици“ не може да се подразбираат римокатолици во современа смисла, туку благочестиви христијани наспроти еретиците или незнабошците.

еп. Амвросиј: Значи, пред себе имам еден манихеец, двајца аријани, паган и следбеник на Митра. Човек се прашува; каде е вистината?
Августин: Или, може ли човекот воопшто да ја најде?
еп. Амвросиј: Не, Августин. Човек не ја наоѓа вистината. Мора да дозволи таа да го најде него.

Advertisements

Филм: Момчето во пижами на риги

Наслов на оригиналот: The Boy in the Striped Pajamas. IMDB Жанр: драма, трилер, воен. Траење: 94 мин. Година: 2008. Земја: САД/Велика Британија. Издавач/Дистрибутер: Miramax Films.

По „Малиот Принц“ на Егзипери, Бруно е новиот незаборавен „Истражувач“ кој ја истражува човечноста или нечовечноста. Толку длабок и тежок филм може да се направи само ако реалноста се прикаже како што е гледана со очите на осумгодишно дете. Како епиграф филмот цитира стих од писателот Џон Бенџамин: „Детствотo се мери со звуци и мириси и погледи, пред да настапи темниот час на разумот.“ Филм кој ја изнудува вашата благодарност кон неговите творци.

Филм: Заради моето име

 

Download: …за имя Мое.avi 515.62 MB, Со вградени македонски титлови.

…за имя Мое

Година: 2005
Жанр: Авторски. Краткометражен.
Траење: 27 мин.
Режисер: Марија Можар

Во улогите: Мария Корнеева, Владимир Егоров, Елена Валюшина, Александра Назарова, Данила Рассомахин, Павел Рассомахин, Саша Матюкова, Анатолий Щербаков

Опис: Филмот (дипломска работа) на Марија Можар раскажува за руско село во време на Втората светска војна. Негови херои се – жени кои ги чекаат своите мажи, свештеник што прифатил отфрлено девјче (ќерка на убиен полицаец), и главно – љубовта и верата во Христос Спасителот.

Дополнителна информација: Филмот добил награди за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобра камерманска работа на 25 меѓународен фестивал ВГИК, награда «Бронзен Витез» на 14 Меѓународен фестивал«Златен Витез», диплома за најдобро деби на Првиот серуски Сретенски православен фестивал «Встреча».

Doubt (Сомнеж), 2008.

Doubt на Џон Патрик Шенли е снимен според неговиот роман, што во 2005 г. ја добил Пулицеровата награда. Екранизацијата исто така е забележителна со 5 номинации за Оскар, 5 номинации за „Златен глобус“ и уште неколку помалку познати награди.

Во филмот е претставена парохиска католичка школа како тврдина на традицијата и мирот. Но, и самиот постер на филмот го најавува „триаголниот“ конфликт: помеѓу отец Флин – човек со слободно однесување за тој амбиент, конзервативната и строга директорка – сестра Елојзиус и колебливата наставничка по историја – сестра Џејмс.

Римокатоличката Црква веќе е доволно искомпромитирана со педофилските скандали. Како резултат на гнасните вести во минатите години, денес владее тренд да се верува дека свештениците се виновни додека не се докаже спротивното. Така, оние што се склони кон обопштување, отец Флин (во чие однесување може дури и да се забележат некои сомнителни знаци) – ќе го прогласат за измамник што се крие под авторитетот на чинот. Но, и оние што сакаат да го оправдаат – ќе најдат доволно аргументи во негова одбрана.

Драматургијата на филмот е таква, што насловот станува квинтесенција на содржината на филмот: тој почнува со разговор за сомневањето и завршува со признавање на сомневања, не докажувајќи ништо, но и не побивајќи… Тогаш, зошто ли е снимен филм кој грчевито развива некој вид крими-приказна, кога на крајот ниту се навестува разврска? Doubt истовремено покажува и амбиција во однос на гледачот: да го вовлече во сомневање. А, заплетот на филмот е задолжен да ни покаже дека работите не се одвиваат праволински, за да можеме лесно некого да оправдаме или да осудиме. Една поговорка вели: „Кој направил нешто лошо – еден грев, кој се сомнева – два.“