Syriana

За филмот „Сириана“ дознав преку eдна промотивна емисија во која, мислам Мет Дејмон, рече дека филмот е на политичка тема, но во централното внимание се конкретни човечки судбини. Насловот Syriana всушност е геополитички термин, со кој CIA ги означува регионите на Блискиот Исток кои се непријателски за САД. Тоа што филмот е малку заплеткан и оптоварен со долги дијалози, не беше единствената причина досега да го гледам три пати. Овој голем политички трилер, на особен начин ги покажува човечките консеквенци на бесната трка по богатсво и моќ. Не содржи никакви сентименталности, а успева да трогне.

Филмот следи три линии на дејства кои на крајот ќе се вкрстат, заради што како слоган на филмот е истакната девизата: Сѐ е поврзано (Еverything is connected).

Тројцата главни протагонисти на приказната се луѓе кои мислат дека добро знаат што прават, а всушност – не знаат ништо.

Ветеранoт на CIA, Боб Барнс, (Џорџ Клуни) добива задача да го убие младиот арапски шеик (Александар Сидиг) – кој не постапува во прилог на САД со нафтениот тендер, но тогаш почнува да ја осознава ужасната вистина за работата на која ѝ го посветил целиот свој живот.

Вториот лик на филмот е аналитичарот и нафтен брокер Брајан (Мет Дејмон), кого неговата фирма го испраќа да ја подготви зделката со арапскиот шеик, но тој преживува семејна трагедија и станува соработник на принцот кој е мета на атентат.

Корпоративниот адвокат Бенет (Џефри Рајт) се судира со морална дилема, обработувајќи го сомнителното спојување на двете крупни нафтени компании во САД, додека за тоа време на другиот крај на светот пакистанското момче (Мазар Манир) заради тоа спојување ја губи работата и лишено од граѓански права, станува жртва на агресивниот ислам.

Сите тројца не помислуваат, каква уривачка реакција можат да имаат нивните постапки врз светот.

Мост / The Bridge (2003)

Director: Bobby Garabedian
Writers: Bobby Garabedian (writer), William Zabka (writer)
Genre: Short | Drama
Language: English | Czech
Runtime: 32 min
Most IMDB
Torrent 282MB, English subtitles
Subtitles: Македонски
Most.avi 313MB со вградени македонски титлови

„A breathtaking modern-day parable…“

Симболиката во филмот Continue reading

Buried (2010)

Дејството на филмот се одвива во 2006 г., во Ирак. Американецот Пол (Рајан Рејнолдс во главната и единствена улога), возач на камион, отишол да работи во Ирак. За време на редовно возење ги нападнале терористи…

По нападот Пол се освестува во сандак – жив погребен. Терористите му оставиле мобилен телефон, нож и некои средства за осветлување. Тие бараат откуп – 5 милиони долари.

Режисерот Родриго Кортес на особено тензичен начин ја разработува темата. Buried наметнува куп неблагодарни прашања од типот „А како би постапил ти?“ Во филмот нема херојски подвизи, ниту cool типови, a сепак поразително е прикажана не само грчевитата борба за опстанок, туку и цинизмoт на луѓето од кои Пол очекува помош.

Во гробниот амбиент камерата прави фантастични пируети. Иако е исклучена можноста за широк кадар, вниманието го задржуваат стотици кадри од различни агли, кои пред нас шират некои други егзистенцијални хоризонти…

Ограничувајќи се, стеснувајќи се во патолошки временско-просторни рамки, Кортес раскажува, не толку за војната, колку за човекот во војната.

Всушност, не се знае кој повеќе земја фрли врз него: терористите кои го затвориле во сандакот и го оставиле во јамата или американските службеници кои знаеле дека е заробен и закопан…

Филмот на Кортес не е ниту за несовесната Америка, ниту за гладните ирачки терористи. Овој суров трилер и бескомпромисна социјална драма на одличен начин раскажува дека претставникот на современото општество малку се разликува од (експерименталната) мачка на Шредингер.

Buried е филм што ве тера да го преиспитувате својот живот, усвоените вредности… Голема драма за еден мал човек по име Човештво.

Фотогрaфии од обратна перспектива

Ова повеќе личи на технолошко откритие – на фотографиите, кои, како што се чини,  се повикани да ја фиксираат објективната реалност, се појавува обратна перспектива. Тој ефект (обратна перспектива), е опишан во иконописниот канон и до сега се сметаше за теоретска конструкција (умозрительное построение).

Гор Чахал, уметник: „Прочитав на интернет, дека е можно да се добие тој ефект со помош на различни сочива.“

Уметникот Гор Чахал тргнува од тоа, дека обратната перспектива е реална, макар затоа што, ако се продолжат линиите на правата перспектива до моментот кога ќе се пресечат во една точка – тогаш зад хоризонтот тие повторно ќе се разминат. Само, што има таму, зад хоризонтот?

Гор Чахал: „Основната идеја на ова изложба е – духовниот свет постои. Јас така би рекол.“

Делата изложени во Централниот дом на уметникот – со лебови што нараснуваат и риби што се зголемуваат со оддалечувањето од гледачот – неочекувано предизвикаа огнена дискусија во друштвото на проучувачите на уметноста. Може ли „мртвата природа“ да има сакрален карактер?

Вера Головина, куратор на изложбата: „Веројатно, ова не е сакрална уметност, за која би мечтаеле. Но ова е приближување кон неа.“

Кон мртвата природа на Гор Чахал може да се пристапи и од богословска гледна точка. Веројатно, таков – бескрајно мал и затоа отворен кон гледачот – изгледа нашиот свет пред окото на Творецот. И на древните иконописци тоа им било познато.

Анна Палчева и Александр Кожевников за емисијата „Церковь и мир.

Филм „Цар“

Режисер: Павел Лунгин
Автори на сценариото: Алексеј Иванов и Павел Лунгин
Директор на фотографија: Том Стерн
Композитор: Јуриј Красавин
Производство: «Профит-Синема», «СПЛ ФИЛМ», 2009 год
Во улогите: Пјотр Мамонов, Олег Јанковски, Александар Домогаров, Јуриј Кузнецов, Вили Хаапасало, Иван Охлобистин, Алексеј Макаров
Траење: 118 мин.

Опис
1565 год. Темни времиња. Владеењeто на Иван Грозни. Русија е истоштена од глад и од ливонската војна. На владетелот во сè му се привидува предавство. Неговите верни слуги: опричниците – ја натопиле земјата со крв. Тие се подготвени во секого да видат непријател на царот. Главниот закон за нив е – царот. Единствениот кој тргнал против царската волја и злосторствата на опричниците е – митрополитот Филип, од детството верен пријател на Иван Грозни. Тој го кренал својот глас и се принел себеси како жртва. Тоа спротивставување ќе раскаже, за што била способна Русија и во падот и во величието на духот.

Официјален сајт http://tsarfilm.ru/

Download: Torrent (1.4 GB), Титлови на македонски