Божјите заповеди:IV

Се чини дека нема почудна заповед од четвртата. Зошто Бог строго да ги казнува луѓето ако не го запазуваат… денот за одмор? Каква религиозна смисла има одморот, кој е природна потреба на сè живо? Или, можеби, тоа е само приспособување на Заповедите кон реалноста на човечкиот живот — и само тоа? Continue reading

Божјите заповеди: III

На прв поглед кон десетте заповеди, свртува внимание нивната нееднородност. Зошто, на пример, заповедта за неизговарањето на Божјото име стои заедно со такви заповеди, како; не убивај, не кради, не прељубодејствувај?

Кога светот уште бил сосема млад, додека уште не го познал отровот на гревот, тогаш односот кон името многу се разликувал од сегашниот. Бог приведува кај Адам различни животни, за првосоздадениот човек да им даде имиња. Именувањето пак, значи да ја открие суштината на созданието и да ја воплоти во еден збор; да именуваш — значи, да познаеш.

Во однос пак, на човекот, името значело многу повеќе. Целата древна култура, и старозаветната, сведочела за верата во длабоката врска на човековото име со неговата душа. Постои некава врска меѓу имињата кои првпат ги сретнавме во вид на глинени таблички, поставени при погребување во Месопотамија и имињата, кои денес се пишуваат во молитвословите. Сè поминува: коските се распаѓаат, гробовите исчезнуваат — но, останува името. И тоа име не е само за љубените скапоцено, тоа навистина е свето. Continue reading

Божјите заповеди: I и II

Првата заповед

Првата заповед едвај да може да биде наречена заповед во потполната смисла на зборот. Тоа пред сè е сведоштво дека Бог навистина постои и токму тој е – Оној што се пројавил Себеси на различни начини во историјата на еврејскиот народ – и е Творец на сè што постои. Но тој е и Оној што го извел народот од египетското ропство. Тој не се крие Себеси, тој стапува во завет, во договор со народот кој е подготвен да го слуша. Нему му е неопходно само едно – верност. Верноста како готовност точно да се пази она што било предадено на Синај. Верност како готовност да се опстојува за својата вера до самата смрт. Верност како решеност да се зачува чист гласот на Божественото Откровение среде паганското дрдорење и мистичкото празнословие на жреците и гатачите.

Сепак, првата заповед не се ограничува само на сведоштво на Бога за Себе Самиот. «Возљуби го Господ твојот Бог со сето твое срце, и со сета твоја душа, и со сите твои мисли » — тоа е смислата на најглавната заповед, најглавноиот договор меѓу човекот и Бог. Но, за што? Зарем на Бога му треба човечката љубов? Зарем тој – не е Сесовершениот и Седоволниот и без човекот? Continue reading

Заповедите

Ако прашаат некој наш современик: Што најмногу не му се допаѓа во религијата, одговорот најверојатно, ќе биде: забраните. Како по правило, тоа се забрани за она што човек најмногу го сака. Сепак, дали забраните се главното во христијанството?

До одговорот може лесно да се дојде; доволно е да се отвори Светото Писмо за да се види дека Бог ништо не забранува, туку — дава заповеди. А, сите оние; «не убивај, не кради, не прељубодејствувај, не завидувај» — се само сведоштва на Бога за она што не треба да се прави.

Заповед и забрана; овие два поима денес се поистоветени. Зарем во тоа не се крие и коренот на многу наши проблеми — на пример, на наркоманијата? Ние сме навикнале да бараме слобода — слобода од какви било ограничувања и забрани и тоа го поставуваме како апсолутен услов за нашата среќа. Но, така ли било секогаш, или тоа е уште еден популарен мит што некој лукаво го измислил? Continue reading