Богородица Марија и Третиот вселенски собор (III дел)

Третиот вселенски собор

Освен теолошките причини кои биле одлучувачки за свикувањето на Третиот вселенски собор, одржан во Ефес во 431 год., еден од главните социо-политички фактори било неединството во империјата, кое станувало сè поочигледно. Од перспектива на царот, неединството во државата означувало големи немири кои лесно би можеле да прераснат во насилство. И од оваа причина, водачите секогаш сакале да се занимаваат дури и со теолошките прашања кои би можеле да го нарушат добриот поредок на државата. Судирот меѓу св. Кирил Александриски и патријархот Несториј Константинополски се проширил во црквите во Рим и Антиохија, со што, според зборовите на св. Кирил, станал „универзален скандал“, бидејќи ги достигнал „краиштата“ на тогашната империја. Пред Соборот од 431 год., св. Кирил му напишал неколку писма на Несториј, во кои ги изложува неговите еретички учења. Јасно е дека за св. Кирил; во едната личност на Христос постоело вистинско единство, а не само обичен „допир (contact)“ помеѓу божествената и човечката природа. Од оваа причина, не било неточно да се тврди дека Марија ја родила истата Личност на Бог Словото. На пример, во 429 год., во својата Пасхална беседа, св. Кирил напишал:

Continue reading

Богородица Марија и Третиот вселенски собор (II дел)

Д-р Филип Кариатлис

Превод од: https://bit.ly/3zFku6Z

Христологијата на св. Кирил Александриски

Еден од најплодотворните писатели на раната Црква, чии дела придонеле, освен за Христологијата, во неговиот спор со патријархот Несториј од Цариград, и за библиската егзегеза, за теологијата на Троица, е св. Кирил Александриски (роден 375 г.). Неговата теологија останала нормативна во источните христијански цркви низ сите векови. Токму поради оваа причина, тој со право се смета за еден од најголемите отци на V век. Св. Кирил напишал многу дела против лажните учења на Несториј – еден од неговите догматски списи носи наслов „Против оние кои не признаваат дека Марија е Богородица“. Тој припаѓал на александриската теолошка школа, која, освен божественоста на Исус Христос, го истакнувала и Неговото личносно единство. Св. Кирил и отците на Третиот вселенски собор, воопшто, најмногу се грижеле да го одбранат учењето дека човекот Исус, роден од Дева Марија, не е некој друг, туку е Словото Божјо, втората личност на Света Троица. Тоа не значи дека Логосот се населил во човек роден од Марија, туку дека е самиот Логос, Кој во времето се родил од благословената мајка.

Според тоа, св. Кирил веруваше дека токму овие вистини се потврдени со името Богородица, бидејќи овој израз најјасно потврдил дека Марија го родила божествениот Син и Слово Божјо. Значи, на Ефескиот собор во 431 г. тој упорно се борел овој термин да биде прифатен од целата Црква, бидејќи терминот носи сотириолошко значење. Без името Богородица, според св. Кирил, постоела опасност да се мисли дека Христос е обичен човек, а не божествениот Син на Бог. Но, ако Христос беше човек, тогаш не можеше да биде во позиција да му ја понуди на светот полнотата на животот, т.е. да го спаси од смртта и распадливоста со тоа што би бил Победник над смртта. И така, станува јасно, зошто за овој поим со право сметале, не само св. Кирил, туку и Црквата пошироко, дека има спасоносно значење, бидејќи прогласувал дека Оној што е роден од Дева Марија е божествениот Син и Слово Божјо.

Терминот Богородица

Continue reading

Богородица Марија и Третиот вселенски собор (I дел)

Превод од: http://www.greekorthodox.org.au/?page_id=3364

Д-р Филип Кариатлис

Воведни белешки

Во Источното православно предание, месецот август е посветен на Богородица. Празникот Успение (т.е. заспивање) на Богородица, уште пред VI век се славел на 15 / 28 август.(1) Освен големата почит што верните луѓе на Црквата ја укажувале кон Богородица низ сите векови, забележително е и големото влијание што нејзината личност го извршила во православната духовност.

Мајката на Исус Христос во Православната црква е воспевана со многу имиња што ѝ се припишуваат, меѓу кои се: Сесвета мајка, Секогаш-дева Марија и секако, името Богородица. Во Православното Предание има многу икони на благословената мајка на Исус, на кои таа е наречена: Бргупослушна, Сецарица, Омекнување на злите срца, Живоносен извор, Неочекувана радост, Застапничка за грешниците и др.

Continue reading

Толкување на Символот на Верата (член 11 и 12)

  • Го чекам воскресението од мртви
  • и животот на идниот век. Амин.

Ние веќе говоревме за тоа, колку важно место зазема есхатологијата во христијанското учење, обратеноста кон „крајот” на светот. Да се заборави тоа – значи да се направи извесно искривување на благовестието, да се сведе Откровението на некаква конформистичка етика. Додека за елинската философија, заради цикличното разбирање на времето, воскресението на мртвите било безсмислица, христијанското учење, кое преку Библијата ја спозна линеарноста на времето, во воскресението на мртвите гледа оправдување на историјата. Ако внимателно ја разгледаме платоновата идеја за безсмртност на душата, ќе видиме дека таа е многу далеку од христијанскиот догмат за животот на човекот во идниот век. Continue reading