ПРАВОСЛАВИЕТО И СВЕТОТ
a.Црквата, созданието и историјата
Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот”1. Порекнувањето на присуството и силата на Црквата значи помрачување и губење на смислата на светот, апсурдност и неуспех на историјата, губење на центарот и победа на празнината, дрскоста и преовладување на бесловесните сили.
Црквата е квасец кој го заквасува и преобразува тестото на светот, таа светот го прави онаков каков што тој навистина е: Божјо создание и историја на спасението. Таа е „столб и тврдина на вистината.” Со присуството на Црквата, светот се заветува и се осветува постоењето на светот кој личи на молитва скаменета од човечките гревови, но и ослободен од благословите, посредувањето и благодарењето на Црквата. Црквата навистина претставува суд за светот, »суд на судот«. Таа му суди на »овој свет« кој се самоидолатризира и самоуништува; не му суди како земските судии, туку со тагата на исповедниците и со крвта на мачениците… Со животворниот Крст кој ја усмртува смртта за да се преобрази светот… Црквата е срце на светот, мистична ocкa на неговото траење, траење што го го одвојува од апсурдот, за да се преобрази во историја во литургиското време. Таа во тридневната Пасха и во Педесетница ги нурнува (како да ги крштева) круговите на природата и културата на човештвото, за да ги соедини во вечноста”2. Continue reading