Големиот Раскол

На денешен ден (16 Јули), 1054 г. со скандал завршиле преговорите меѓу Рим и Константинопол.

Расколот кој конечно го одвоил Западното Христијанство од Источното е многу комплексен настан. Тој не може да се идентификува ни со едно посебно случување, дури и не може точно да се датира, макар што клучната година е 1054. Раздвојувањето интензивно траело од XI до XIII век. На овој процес влијаеле и политичката опозиција помеѓу Византија и Франачката империја, постепеното отуѓување во мислата, праксата и разминување во богословието и еклисиологијата. Без оглед на историските фактори, кои сè повеќе го раздвојувале христијанството, сепак, најдлабоките причини, односно оние со кои единствено може да се објасни трајноста на расколот, имаат теолошка природа. Continue reading

Признаци на вистинската Црква

Сè поголемиот број на религиозни заедници кои се нарекуваат „Црква” и разните секти – за многумина го отежнуваат одговорот на прашањето: Која од нив е вистинската Црква и постои ли во наше време едната, вистинска Црква. Некои, можеби, мислат дека првичната, апостолска Црква со текот на времето се раздробила, а денешните Цркви имаат само делчиња од претходното духовно богатство на благодатта и вистината. Оние што размислуваат така за Црквата, претпоставуваат и дека, во тој случај, Црквата може да се востанови со спојување на сите христијански деноминации (религиозни заедници и секти) по пат на преговори и взаемни отстапки. Други пак, мислат дека првата Црква, принципиелно, никогаш ништо заедничко немала со официјалните Цркви, туку секогаш се состоела од поединечните верници кои припаѓаат на разни црковни групи. Ова последно мислење е изразено во учењето за т.н. „невидлива Црква,” а го застапуваат протестантите. Конечно, за многу христијани не е јасно: Потребна ли е воопшто Црквата, ако човекот се спасува со својата вера? Continue reading

Тие Го познаа во прекршувањето на лебот

Во првиот ден на седмицата, по Своето Воскресение, Исус сретнал двајца ученици на патот кон Емаус, но тие Него не Го познале. Учениците раскажале за сите настани што се случиле, и за тоа, како некои жени го нашле гробот празен и виделе ангели. Тогаш Исус им го објаснил «кажаното за Него во целото Писмо» (Лк.24:27), но учениците сè уште не можеле да разберат кој разговара со нив. Дури откако Toj «зеде леб, го благослови, прекрши и им даде» (Лк.24:30), учениците го познаа Господа. Кога се вратиле во Ерусалим, тие им раскажале на единаесетте, «како Го познаа во прекршувањето на лебот» (24:35). Лука, еден од евангелистите, многу подробно го опишува тој настан. Тие подробности многу ни говорат за животот на Апостолската Црква. Continue reading

Православната Црква и oбединувањето на христијаните

Зарем со височината на своjот духовен живот светите не ги надминале ѕидовите што нè разделуваат – ѕидовите, кои, според познатиот израз на митрополитот Киевски Платон: не се извишуваат до небото? (Митр. Евлогиј)

Единството е нешто дадено и нешто, што ние мора да го достигнеме. (Прот. Сергиj Булгаков)

Највисоката и најветувачка «икуменистичка добродетел» – е трпението. (Прот. Георгиj Флоровскиj)

«Една, света, соборностна Црква» – што значи тоа?

Православната Црква при сето свое смирение верува, дека таа е «едната, света, соборностна и апостолска Црква», за коjа зборува Символот на верата: такво е основополагачкото убедување, со кое се раководат православните во нивните односи со другите христијани. Меѓу христијаните постојат поделби, но самата Црква не е разделена и не може да се раздели.

Можеби изгледа дека ваквиот исклучителен став на православните попречува секаков сериозен «екуменски диалог» меѓу православните и другите христијани и секакви конструктивни напори за обединување на христијаните. Сепак, би било погрешно да се направи таков заклучок, зашто на парадоксален начин за последните седумдесет години имаше многу вдахновени и плодотворни средби. Иако остануваат огромни потешкотии, сепак има големо и реално придвижување кон помирување. Continue reading

Апостолско преемство

Апостолско преемство (лат. successio = преемство, наследство, следење) – е начинот на кој Црквата ја чува единствената и постојана структура на апостолството на „Дванаесетмината” во својот историски континуитет. Црквата е создадена „на темелот на апостолите” (Еф. 2,20) во смисла дека „Дванаесетмината” образуваат единствен собор со единствена мисија во основањето на Црквата. Самиот Христос ја основа заедницата на Дванаесетмината Апостоли како вистински образец на Црквата, структура која го гарантира нејзиниот историски континуитет и нејзиното својство на Христово „телo”. Тоа се гледа оттаму што прославениот Син го испрати Светиот Дух да ја потврди таа апостолска структура како вистинска основа на Црквата. Основањето на историската Црква на денот на Педестница е настан на Светиот Дух, а присуството на Апостолите на денот Педесетница е дел од тој настан. Тоа се гледа на православната икона на Педестница, која Христовиот „престол” го прикажува или го замислува празен, Светиот Дух во вид на гулаб и кругот на светите Апостоли свртени кон светот кој им излегува „во пресрет” на Христовите „сведоци.” Според тоа, во реалноста на Педесетница и самиот настан на слегувањето на Светиот Дух и основањето на Црквата, изборот и испраќањето на Апостолите – формираат нераздвојна целина. Ако историската Црква не може да се замисли без присуството и дејствувањето на Светиот Дух, таа, исто така, не може да се замисли ни без „колегиумот” на Христовите Апостоли. Зашто, Апостолите го окружуваат Христа не само во неговиот живот на земјата, туку и во Неговото Царство (Лк. 22, 30). На крајот на векот Христос повторно ќе се јави окружен од Своите Апостоли (Откр. 21,14; спореди. 20,4) што значи, дека апостолското преемство нема само историска, туку и есхатолошка смисла (Лк. 10,20). Continue reading