Автокефалност

Автокефалност (гр. Αυτο-κεφαλυ = автокефалија, самостојност, самоуправување). Идејата за автокефалноста е конституитивна на поместната Црква, бидејќи таа го претставува Божјиот народ (λαος) собран на едно место заради принесување на Тајната Евхаристија како сведоштво на нејзиниот живот во Христа, под водство на епископот, во континуитет со Апостолите, окружен од свештениците и помогнат од ѓаконите, при учествувањето на верните. Continue reading

Advertisements

Канонска автокефалија – за или против?

Да му се пишува за поместноста на Украинската Црква на клирик на Московската Патријаршија е – неблагодарна работа. Поборниците за автокефалија ќе те укорат за во недоволна решителност, а противниците ќе те етикетираат како “непријател на православието” заради неверност кон идејата за “една и неделива” Руска Црква. Сепак, треба да се говори за ова, и уште повеќе денес, кога прашањето за поместноста на украинското православие повторно е актуелизирано.

Пред неколку месеци во статијата „Потребна ли ни е поместност?” веќе искажав некои мислења по ова прашање. Со тоа што тогаш беше кажано таму, јас се согласувам и денес. Continue reading

Потребна ли ни е поместност?

Во украинското православие за сите изминати години од независноста на Украина не ослабнува дискусијата за неопходноста  од создавање на Поместна Црква. Во тие спорови се наведуваат тешки аргументи, како за целосна независност на канонската украинска Црква,  така и за зачувување на единството со Московската Патријаршија. Притоа, разните учесници во дискусиите, изгледа, под поимот поместност не подразбираат едно и исто. Continue reading

Соборност или корпоративност? Органот на соборноста и единството

Евхаристиското собрание во сите времиња останува семе на соборноста и единството, кое израснува и дава плодови. Своето емпириско остварување соборноста го наоѓа во особениот орган, кој го изразува тоа своjство. На грчки го нарекуваат «синод», а на руски/македонски јазик «собор». Црковните собори, од историјата на древната Црква, подоцна ги добивале ознаките «Вселенски» и «Поместни».

Од формална страна, Црковните собори се разликуваат според времето и составот. Ознаката «архиереjски» говори самата за себе. Во овој собор можaт да учествуваат само архиереи. Некои сметаат дека тоа е недостаток, а други – достоинство на Архиереjскиот собор. Во клирикалната еклисиологија, каде што единството на Црквата се определува од единството на епископатот, Архиереjскиот собор го изразува принципот на Црковното единство. Соборноста на Црквата може да ја изрази само Црковниот собор, во кој зема учество иерархиската полнота: епископите, клириците, монасите и лаиците/народот. Рецепцијата на соборните решениjа отпадна од Црковната традиција во врска со централизираното назначување на епископи, во кое не учествуваат клириците и лаиците на епархиите.

Во древната Црква епископот на соборите бил претставник на своjата Црква. Тој говорел за Црковните проблеми од нејзино име. Неговото расудување не било сопствено/приватно мислење. Тој го носел пред отците на соборот гласот на своjата општина. Традицијата се изменила до својата спротивност, откако го ограничила соборот со репрезентативното право. Continue reading