Свети рамноапостолни Методиј и Кирил, Учители Словенски

Светите браќа и словенски апостоли Кирил (со замонашувањето Константин) и Методиј, се родени во Солун.

Раната младост ја поминале во Солун кој бил културен центар на Македонија. Солун бил двојазичен град, каде што покрај грчкиот се слушал и словенскиот говор, затоа што целосно бил окружен со словенско население. Нивниот татко Лав бил византиски воен офицер (друнгариј). Continue reading

Од каде е свети Георги Кратовски?

Свети новомаченик Георги Кратовски е роден 1497  г. во градот Кратово, тогаш во границите на Отоманската империја. Неколку векови подоцна за неговиот град/потекло ќе напишат:

Во српските „ Житија светих“:
„Блажени Георгије – Ђорђе родио се у српском граду Кратову…“

Бугарската варијанта е малку покомпромисна:
„…бил роден през 1497 г. в гр. Кратово, Македония, в благочестиво българско семейство.“

Поп Пејо – авторот на првото житие на свети Георги и очевидец на светото мачеништво, во однос на географските/народните одредници нема потреба да додава ништо друго, освен:
„Овој блажен Георги беше роден во градот Кратово, Македонија, син на благочестиви родители, ­ татко Димитар и мајка Сара.“

А, чиј е свети Георги? -Божји и на оние што со вера и љубов го почитуваат: Македонци, Срби, Бугари, Руси, Грци, Романци…

Агиографски истражувања за свети Николај Чудотворец

Последниве години агиографите дознале многу нови податоци за светителот Николај Мирликиски. За тие откритиja раскажува претседателот на православното друштво «Скиниja», писателот-агиограф, организатор на годнишни меѓународни конференции посветени на свети Николај Чудотворец – Александр Владимирович Бугавескиј во во статијата: Правда о святителе Николае. Агиографическое расследование.

Тој е автор и на новото, исправено житие на светителот Николаj кое е објавено на официјалниот сајт на Московската патријаршија: www.patriarhia.ru

Изучувањето на древните документи овозможило значително да се дополни житието на светителот, а некои подробности морало да бидат означени као недоверливи или извртени. На пример, било докажано дека некои податоци во житието на Николаj Чудотворец, во руските Четjи Минеи биле позајмени од житието на друг свет — Николаj Пинарски кој живеел два века подоцна.

Од таму во житието на великиот Чудотворец се појавиле историски недоследности. На пример, излегло дека Николаj Мирликиски го посетил храмот Воскресение Господово на Светата Земја (Ерусалим) многу порано од времето кога го осноала светата царица Елена. Всушност, Николаj Чудотворец во Ерусалим не бил, а поклоничкото патување кое е опишано во многу негови житија го направил Николаj Пинарски. Исто така се случило смешување и со имињата на родителите и чичкото на Николаj Мирликиски. Теофан (Епифаниj) и Нона, кои се спомнуваат во неговите житиja, а се имиња на родителите на Николаj Пинарски.

Во древните извори пак, се наоѓа, знаменито дејство на свети Николаj кое е исклучено од текстот на неговото житие составено во X век. Тоа е чудото со данокот. Во IV век со несправедлив данок Ликиja била доведена до пустош и глад. Жителите го замолиле својот архиепископ за застапништво. Светителот Николаj отишол во Константинопол и по неговиот разговор со императорот, данокот бил намален 100 пати. Тоа решение било запишано во запечатена грамата. Но, архиепископот знаел дека под влиjaние на чиновниците, императорот Константин може да го повлече своjот указ. Светителот се обратил кон Бога за помош, и на чудесен начин императорскатa грамата истиот ден се нашла во Мира и била објавена пред народот. Следниот ден императорот, под притисокот на чиновниците, навистина се обидел да го измени указот. Кога светител кажал дека документот веќе е прочитан во Мира и со тоа  стапил во сила – не му поверувале: До Ликија од Константинопол имало шест денови пат. За да ги провери зборовите на светителот, го испратиле најбрзиот кораб. По две недели испратените се вратиле и потврдиле, дека ликискиот собирач на данок ја добил граматата од императорот истиот ден, кога таа била потпишана. Христољубивиот Константин ја видел Божјата волја во тоа што се случило и побарал простување од светителот, изобилно дарувајќи го.

Во 1953 г., при отворање на гробницата на светителот Николај, професорот Луиџи Мартино – анатом од универзитетот во Бари, извршил експертиза и анатомско-антрополошко испитување на моштите. Тогаш биле направени и рентгенски снимки на главата и повеќе краниометриски мерења кои подоцна послужиле како основа на обидот да се реконструира реалниот изглед на светителот Николај. Со испитување на коските било утврдено дека ликот кој се слика на иконите, сосема одговара на надворешниот облик на човекот погребен во во таа гробница. Точно бил измерен и неговиот раст: 167 сантиметри.