Митрополит Пергамски Јован (Зизиулас): Беседа за Таинството Покајание или Исповед (2 дел)

Врска кон првиот дел

Бидејќи ќе говориме за исповедта, ќе ја засегнам и темата за покајанието како вовед, а потоа во најопшти црти и историјата на самото таинство, како што го нарекуваме, од која произлегува неговата смисла и содржина. Потоа ќе говориме и за начинот, како се реализира, а исто и за проблемите кои во пракса се појавуваат денес.

Continue reading

Копjето на Лонгин

Една од најголемите христијански светињи – легендарното копје на легионерот Гај Касиј (Лонгин), со кое тој ги прободел градите на распнатиот Исус Христос – според преданието, се наоѓа во Ерменија.

Најновите истражувања, кои ги направиле специјалистите од Велика Британија, потврдиле, дека копјето е оригинално. Токму со него му бил нанесен удар на Исус Христос кога бил распнат на крстот. Во Евангелието е напишано, дека „еден од војниците со копје ги прободе неговите ребра.“ И тој војник, по име Гај Касиј, рекол: „Навистина овој човек бил праведник!“ Според преданието, Гај Касиј поверувал во Христа и на Крштението го добил името Лонгин. Заради проповедање на христијанското учење умрел како маченик и бил прославен како свет. А неговото копје станало голема ризница на христијанството. Светот го знае под името „Копјето на Лонгин“ или „Копјето на судбината“.

Во Ечмиадзин – духовната престолнина на Ерменија, светото копје се чува во древен храм. Сега тој е опремен со најсовремени аларми за обезбедување. Царевите и императорите во текот на 2000 години сметале дека, оружјето натопено со крвта на Христос, ќе им овозможи да управуваат со светот. Историските хроники сведочат дека многу владетели биле убедени дека го имаат оригинаното „копје на судбината.“

Eрмeнската светиња

Се претпоставува дека „Копјето на судбината“ било и во рацете на Хитлер. Историчарите потврдуваат, дека мистички настроениот Адолф во младоста со часови стоел во Виенскиот музеј на историјата на уметностите пред витрината во која се наоѓало „Копјето на Лонгин.“ Continue reading

Архонтот Методиј во Македонија

Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздорот меѓу Првото Бугарско царство и Византија. Во таa ситуација византиската власт не можела да спроведува политика на отворен притисок врз словените во Македонија и Грција. Во првата половина на IX в. словенските племиња на територијатa на Империјата сѐ уште имале многу широка автономија. Со нив владееле архонти од средината на местното население. Византија сакала внимателно и постепено нив да ги замени со свои, византиски чиновници. Истовремено, бугарската опасност што ја ограничувала слободата на дејствата на византиската власт, барала Византија да изнајде нови начини; како цврсто да ги поврзе словенските покраини со Империјата. Таа цел можело да се достигне преку христианизација на словените и создавање црковна организација на нивните територии. Многубројните епископии (потчинети на Константинопол), кои се појавиле на словенските земји уште во 869/870 години, сведочат дека таа можност византиската власт не ја пренебрегнувала, па словенските земји станале објект за мисионерска дејност на византискиот клир, секако, одамна пред наведените датуми. Continue reading

Создавањето на Евангелијата

Втора половина од I век на христијанствoто; тоа е времето кога се создадени Евангелијата. Во историјата на човештвото тоа време е забележано со големи потреси и крупни настани. Грозни символи за современиците на светите апостоли станале три големи катастрофи:

Година 64-та по Христа. Невиден пожар речиси целосно го уништил Рим. Подоцна ќе стане познато дека таа ужасна замисла ја извршил императорот Нерон, за да ги обвини христијаните, а потоа и да ги уништи.

Година 70-та. Римската војска го зазела Ерусалим. Се остварило разрушувањето на Старозаветниот Храм, како што претскажал Спасителот Христос.

Година 79-та. Пропаѓаат три градови на големата империја — Помпеја, Херкуланум и Стабиј, затрупани под лавата и пепелот од вулканот Везув.

Очевидец на настаните – Плиниј Помладиот, во писмо до историчарот Тацит вака пишувал за ерупцијата на Везув и затрупувањето на градовите: «Едни ја оплакуваа својата погибел, други молеа за смрт. Многумина креваа раце кон боговите, но мнозинството тврдеше дека боговите веќе ги нема никаде и дека за светот дошла последната вечна ноќ». Continue reading

Текстот од сценариото на филмот „Падот на Империјата. Византиска лекција”

Овој  град некогаш се викал Константинопол и само пред 6 векови, бил престолнина – без никакво преувеличување – на една од најголемите светски цивилизации – на Византиската империја.

Правната држава, која е толку вообичаена за нас денес, и е формирана врз основа на римското право, била создадена токму овде, во Византија, пред 1500 години. Правниот систем, кој е основа на сите типови закони во повеќето современи држави, – е колосална творба на Византиската јуриспруденција од епохата на императорот Јустиниан. Системот на школското и висoкото образование прво на светот се појавил во Византија; токму овде во V век се појавил првиот универзитет. Во Византија бил создаден најстабилниот финансиски систем во историјата на човештвото, кој останал практично во неизменет облик повеќе од 1000 години. Современата дипломатија со нејзините основни принципи, правила и норми на однесување – се создавала и обликувала овде, во Византија. Инженерската уметност и архитектура на Византија немале рамни на себе, па и денес ремек-делата на Византиските мајстори – како куполата на Света Софиа, восхитуваат со совршенството на техничката изведба. Continue reading