Where Did The Mass For The Big Bang Come From?

Превод на видеото:

Од каде потекнува  густата маса, од која започнал Big Bang? Како оваа густа маса потекнала од ништо?
Некои тврдат дека материјата постоела од вечност, што значи дека нема почеток, но ако масата немала потекло, тогаш како може материјата да постои сега? Ако оваа густа маса потекнува од енергија, што според равенката на Ајнштајн за масата m = E поделено со c², тогаш од каде потекнува енергијата?
Ако оваа густа маса некако се материјализирала со искривување на просторот, тогаш од каде потекнува просторот? Ако оваа густа маса некако се материјализирала од ништо, тогаш каде би била движечката сила за материјализација? Некои тврдат дека потеклото на оваа густа маса е надвор од нашето разбирање на времето, но ако тоа е вистина, тогаш како оваа густа маса беше позната од нашето денешно разбирање на времето?

Значи, како одговораат атеистите на овие прашања?
Многу атеисти тврдат дека потеклото на материјата во Универзумот е многу спекулативна во овој момент од нашата историја, но, веројатно, некој ден научното истражување ќе ја расветли оваа мистерија.
Со други зборови, тие признаваат дека не знаат.
Во атеистичкиот концепт за Универзумот, никогаш не може да постои Прва Причина, дури наспроти законите за одржување на материјата и енергијата, вториот закон на термодинамиката, математичката наука за статистика и примена на логиката и расудувањето, кои јасно укажуваат на Првата Причина.
И неколкуте атеисти кои ќе ја прифатат Првата Причина, секогаш ќе рационализираат дека таа Првата Причина нема ум.

Архиепископ Илариoн (Алфеев) за Стивен Хокинг

Семјонов:
Владико, последната новост за познатиот научник, кој остарен и прикован за стол, почна да го негира Творецот, зачудува, бидејќи обично, приближувајќи се до смртта, човек повеќе размислува за духовното, за Бога. Вам не ви изгледа ли така?

Архиепископ Иларион (Алфеев):
Секој човек се развива различно. Тој научник не толку одамна во една од своите многу популарни книги оставаше можност Бог да постои, и дури секое од поглавјата на таа книга завршува со прашањето: постои ли Бог? Авторот како да кажуваше дека тоа прашање за него е отворено. На сегашната етапа тој за себе заклучил дека не постои Бог Творец. Ако тој, дај Боже, проживее уште некое време, можеби Господ ќе му ги отвори очите и тој врз основа на знаењата кои ги има денес, ќе се увери, дека Бог постои. Се работи за тоа дека научните сознанија кои тој ги наведува во своите книги — не можат ниту да го докажат, ниту да го побијат битието на Бога. Ние одлично знаеме една проста вистина, која е основана на физичките закони, дека од ништо не настанува ништо (ex nihilo nihil fit). Aкo не постоеше ништо и Никој, тогаш просто така нешто според физичките закони не можело да настане. Значи, некој стартен пункт сепак морало да постои. И никогаш досега не се случило, одеднаш да настане нешто од ништо. Значи, тоа прашање за настанокот на светот, од логичка гледна точка, од гледна точка на физиката, воопшто не може да биде посавено така што на него би се дал конечен одговор. Во крајна сметка, тоа е прашање на верата. Верниот човек, набљудувајќи како е уреден космосот, доаѓа до мислата дека овој свет не можел да се појави поинаку, освен по волјата на Творецот што го создал. Тоа го сфатиле и многу научници, и Њутн, на кого толку често се повикува Хокинг и многу други научници во минатото и сегашноста. Секогаш ќе има научници кои веруваат, како што и верјатно секогаш ќе има научници атеисти. Дај му Боже здравје на Стивен Хокинг, дај Боже тој да поживее толку, што би поверувал во Бога. // http://vera.vesti.ru/

Брак меѓу блиските потомци на Адам?

Вчера во црквата дојдоа ученици и поставуваа прашања. Едно прашање беше за бракот меѓу децата на Адам и Ева.

-Ако бракот меѓу блиски роднини е грев и води кон изроди, како тогаш можеле децата на Адам да стапуваат меѓу себе во брак, ако тоа е протвиприродно. Или, децата на Ное?

Одговорив дека така било благословено во почетокот на човештвото за да се размножи човековиот род, а сега тоа е забрането и лошо. Денес побарав и други одговори на оваа тема:

Одговара јеромонах Адриан (Пашин), кандидат на физико-математички науки:
-Бог ја створил Ева од ребро на Адам, така што со самото тоа нивниот брак, од ваша гледна точка е, протвиприроден/крвосмешување. А, тој е непосредно благословен од Бога. Затоа, да не ги пренесуваме механички нашите поими на тоа време.

“Грев – според определбата на Светото Писмо е – беззаконие” (1.Јн. 3,4), т.е. нарушување на законот кој е е даден од Бога – вистинскиот Законодавец. Пред потопот, грев (во овој контекст) било само смешувањето на потомците на Сит – синовите Божји, со потомците на Каин – ќерките човечки.

Генетски аспекти
Познато е дека децата од луѓе во блиска крвна врска (брат и сестра) најчесто се раѓаат со големи аномалии. Колку родителите се поблиски роднини – толку поголема е веројатноста за ненормално потомство.

Да ја разгледаме генетската причина за овој закон. Секој човек има околу 30.000 гени. Секој човек наследува по еден ген од секој пар и од двата родитела. Денес гените содржат многу грешки (стекнати од гревот). Колку родителите се подалечни роднини, толку поверојатно е дека грешките во нивните гени ќе бидат различни. Децата кои наследиле по еден пар гени од секој родител, на крајот може да добијат максимум по еден расипан ген во секој пар. Добриот ген има тенденција да го надмине расипаниот, за да не дојде до (сериозно) изобличување на организмот.

Од друга страна, колку родителите се поблиски роднини, толку поголема е веројатноста дека во нивнте гени ќе се содржат еднакви грешки, бидејќи се наследени од исти родители. Детето од брак меѓу – на пр. брат и сестра – може да наследи еден расипан ген во истот пар гени од двајцата, што може да даде две расипани копии на генот и да доведе до сериозни дефекти.

Адам и Ева пред гревопадот немале генетски грешки. Кога бил создаден првиот пар луѓе, од физички аспект тие биле совршени. Сѐ што Бог создал било – сосема добро (Битие 1,31), што значи и нивните гени не содржеле никакви грешки. Но, кога во светот „преку еден човек, преку Адам“ влегол гревот, совршеното битие почнало да се изопачува, да умира и да се распаѓа. Со текот на времето тој распад произвел многу генетски грешки во живите организми.
Значи, децата на Адам и Ева, практично не можеле да наследат расипани гени, а и во почетокот на гревопадот таквите гени биле во минимален број. Во таа состојба и во тоа време, со Божјо одобрение, браќа и сестри стапувале во брак без ризик за ненормално наследство.

Во времето на Мојсеј дегенеративните грешки биле натрупани во луѓето толку, што Бог ги забранил таквите бракови (Левит 18-20).

Низата на Фибоначи: Матрица на Вселената [video]

1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34. . . Aко внимателно се погледнат, овие броеви чинат модел. Секој нареден број е збир од претходните два. Овие броеви се познати како низата на Фибоначи. Таа е код кој може да се најде насекаде во природата. На пример, листовите на гранката растат на меѓусебна оддалеченост која одговара на низата на Фибоначи. Броевите на Фибонач се забележани и кај цвеќето. Кај цветовите најчесто се јавуваат 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55 или 89 цветни ливчиња. Овие броеви се јавуваат и кај сончогледите. Цветчињата кои подоцна стануваат семки на главата на сончогледот се разместени во два низа спирали: едната оди во насока на движењето на стрелките на часовникот, а другата во спротивна насока.  Бројот на спирали во насока на стрелките често е 34, а во спротивниот – 55. Понекогаш овие броеви се 55 со 89, а повремено дури и 89 со 144.  Сите тие се наизменични, последувателни, Фибоначиеви броеви (чијшто количник се приближува кон златниот пресек). Во книгата “Броевите на природата” Јан Стјуард укажува на околноста дека аглите меѓу целосно образувани спирали изнесуваат 137,5 степени, што е 360 степени помножено со 1 минус златниот пресек, а броевите на спирали во различни насоки, исто така, се два наизменични Фибоначиеви броеви.
И во музиката се наоѓа низата на Фибоначи. На пример, 13 ноти ја делат секоја октава која има 8 ноти во скалата, од кои петтата и третата нота создаваат основа за секој акорд, кој е базиран на цел тон, кој е 2 степени од кореновиот тон, што претставува една нота од скалата.  Исто така, клавишите на пијаното имаат скала од 13 клавиши од кои 8 се бели, а 5 црни кои, пак, се поделени на групи по 3 и 2.

Д-р Квантум во Flatland

Добродојдовте во Рамната Земја – светот со само две димензии. Само: напред, назад, лево и десно. Во тој свет не постои: горе и долу. (Синхорнизирано на македонски. Обработено е и видеото со д-р Квантум во текстот на овој блог: Double-slit experiment)