Од срцето на Африка: Разговор со отец Филип Гатари од Кенија

 

Во Москва од Кенија пристигнал отец Филип Гатари. Тој два дена бил гостин во Сретенскиот манастир, каде што сослужувал заедно со руските и со атонските монаси на Божествена литургија. По службата срдечниот пастир раскажал за Православието во Кенија и за својата работа како директор на селско училиште.

Кенија – е сиромашна земја и луѓето таму живеат сосема прост живот, особено во провинцијата. Отец Филип, настојател на црквата на преподобен Антониј во селото Ишамара, во Централна Кенија, не е исклучок. Има доволно работа, бидејќи Православието е конфесија што најдинамично се развива во Кенија, и во селата не се ретки масовни крштевања; по 5070 луѓе истовремено.

– Отец Филип, раскажете за вашиот храм. На која јурисдикција припаѓате?

– Нашиот храм му е посветен на преподобен Антониј Велики, началникот на монаштвото, кој живеел во Египет. Припаѓаме во јурисдикцијата на Александриската Патријаршија и православни сме по вера. Мојата парохија се наоѓа во Кениската епархија, и се стремиме да ја прошириме, да ја зголемиме. Нашата парохија не е многу гоолема: околу 300 луѓе, од нив стотина се активни парохјани.

– А како Кенијците пристапиле во Православието?

– Православието овде се појавило по иницијатива на местните жители. Тие се труделе да ја најдат вистинската Црква. Уште во 1932 г. православните Кенијци му напишале писмо на патријархот Мелетиј за да ги прими во Александриската Патријаршија; патријархот одговорил позитивно, но наскоро се упокоил. Кенијците повторно напишале писмо, сега веќе на патријархот Христофор. Во 1942 г. кај нас дошол митрополитот Аксумски Николај, разгледал сѐ, и ете во 1946 г. Кениската Црква била примена во заедница со Александриската Патријаршија.

Наскоро во Кенија започнало ослободителното движење против колонијалниот режим. Тоа беше во 1952 г. На страната на востаниците беа токму православните парохии, а протестантските и католичките свештеници го нарекуваа востанието; бунт на пагани и дивјаци. Православните свештеници тогаш ги затвораа. На пример, отец Георгиј Артур Кадуна, првиот „црн“ епископ на Кенија, поминал во затвор околу 10 години заедно со идниот претседател на земјата и лидер на племето кикују Џомо Кениато.

Починатиот претседател подарил парче имот, на кој била изградена православна богословија, која била отворена во 1982 г. Сегашниот архиепископ Албански Анастасиј ја отвори таа семинарија. Започнавме со часови во викендите, учејќи само литургика, а сега се подигнавме на сериозно ниво, излегуваат дипломирани студенти. Ова е дел од нашата историја.

– А како лично вие станавте православен?

– Станав православен во детството, на возраст од околу 9 години. Не бев крстен како мало дете.

И Вашите родители ли се православни?

– Тие не беа верници, но потоа по својот син го примија светото Крштение и станаа православни.

Што беше особено значајно на вашиот пат кон Православието: некој човек, училиште или нешто друго?

– Нашиот парохиски свештеник. Тој влијаеше на мене – во моето село, во нашиот храм. Тогаш бев дете. Продолжив да ја посетувам црквата, и кога пораснав.

– Раскажете за самиот храм. Од што е изграден?

– Првично нашата црква беше од глина, а потоа од камен. Но, немаме иконописци, за да насликаат фрески, а скапо е да изнајмиме уметници од Европа. Затоа имаме само икони, кои ги закачуваме на ѕид, но немаме фрески. Имавме камбана, но ја украдоа од камбанаријата.

Би сакале да знаеме за духовниот живот во парохијата: колку често луѓето се исповедаата, се причестуваат?

– Се причестуваат воглавно секогаш, кога се служи литургија, сите, што чувствуваат потреба од тоа и кои се подготвиле. Но, секако, ако нешто попречува, тогаш човекот не се причестува. Со тие луѓе обично се трудиме да поразговараме и да сфатиме за што се работи. Исповедта пред причестување, како правило, не е задолжителна. Тоа зависи од конкретни луѓе. Ако некој дојде и рече: „Сакам да се исповедам“ тогаш, секако, повели. Но во многу случаи јас се обидувам да го упатам човекот на исповед кај поискусен свештеник.

– А каква мисионерска дејност се спроведува во Кенија, во вашата парохија, во епархијата?

– Има многу видови мисионерство. Има програми за млади, програми за жени, програми за машки братства. Се одржуваат часови во неделни школи. Исто така има образовни програми за работа во средни школи и во првите одделенија. И во светските школи се трудиме да држиме христијански правец.

Многу се „гордеам“ со тоа што во нашата парохија има средна православна школа, што ја основа Црквата, но таму ги примаме сите деца, независно од нивната вероисповед. Работиме по државната образовна програма, што е задолжителна за сите школи во Кенија. Таа програма ја користат секаде, дури во приватните школи: часот трае 40 минути, во денот мора да има осум часови, предаваат квалификувани учители итн. Образованието е под контрола на Владата. Сега имаме 65 ученици, и тоа е дел од нашата мисионерска работа. Јас сум и директор на нашата школа, и предавач во неа.

Кога ме поставија на оваа парохија, овде имаше плац од 5 акри, во сопственост на школата. Беше запуштен во текот на десетина години, немаше ништо…. И ете со Божја помош сега има школа, класови. Во црквата се трудиме да ги употребуваме поместните јазици. И проповедта е на местниот јазик. А во училиштата низ Кенија предавањата се на англиски. Целото население зборува на англиски.

Според вашето мислење, има ли Православието во Кенија голема иднина?

– Ако имаме разумно управување и се потпираме на поместните народности, ако ги следиме нивните потреби, ако сме нивни партнери, тогаш ќе имаме голем потенцијал. Нашата мисија мора да ги опфаќа новите етнички групи.

(Сo јереј Филип Гатари разговарал Василиj Томачински, 16 декeмври 2011 г., www.pravoslavie.ru)

Advertisements

Киднапирана пакистанска христијанка, по две години ропство – избегала од грабнувачот

Исламабад. Алфред Арифа е 27-годишна католичка девојка, од Нава Кили, Квета, која што ја киднапирал муслиманот Амџад, во мај 2009 г. Помошнички во киднапирањето му биле две блиски пријателки на Арифа. Кога таа отишла на гости кај својата пријателка, во чајот ѝ ставиле дрога и откако се онесвестила, Амџад ја однел. Кога Aрифа се освестила, видела дека е во куќата на Амџад. Тој ѝ рекол дека таа го прифатила Исламот и се согласила да стапи во брак со него. Притоа ѝ покажал лажен сертификат за брак.

Арифа негирала дека таа се преобратила во Исламот, а уште помалку дека сака да се ожени со него, бидејќи не била свесна. За да ја одоброволи, Амџад ја подложил на ментална и физичка тортура. Арифа постојано била дрогирана, тепана и заклучена во куќата две години. Неколку пати се обидела да избега.

Ноќта на 1 август, Амџад ја претепал Арифа, предизвикувајќи ѝ внатрешни повреди. На 1 август, таа прв пат за две години ја нашла влезната врата на куќата отклучена. Иако сериозно повредена, не ја пропуштила можноста и избегала од куќата. Се качила на рикша и отишла во државна болница, каде што ѝ била укажан основен третман. Потоа заминала кај нејзиниот брат Аднан.

Жената поднела жалба против Амџад, но полицијата нема направено ништо досега, за да го изведат напаѓачот пред правдата. Од друга страна, полицискиот инспектор изјавил дека е среќен што Арифа се обратила во Исламот.

Сега Арифа и нејзиното семејство се во бегство, бидејќи добиле смртни закани од Амџад. Амџад вели дека Арифа е муслиманка и негова сопруга. Поради таа причина,  не смеела избега од дома, во спротивно ќе биде убиена заедно со нејзиното семејство. Од друга страна, Арифа вели: „Јас сум христијанка и секогаш бев непоколеблива во мојата христијанска вера и се молев на Исус Христос и Пресвета Богородица во моето срце, за ослободување во текот на овие две години затвор”.(Agenzia fides 18/08/2011)

Резолуција на ОБСЕ за борба против нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните

Од Резолуцијата што била изгласана денес од околу 250 парламентарци на 20-тата годишна сесија на Парламентарната асамблеја на Организацијата за безбедност и соработка во Европa (ОБСЕ), која се одржа од 6-10 јули 2011 г. во Белград, со тема „Успешноста и делотворноста на на ОБСЕ – нов почеток по Самитот во Астана“, овде го приложувам поглавјето за „Борба против нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните во просторот на ОБСЕ.“ Целиот документ е достапен на Англиски, Француски и Руски, на сајтот OSCE Parliamentary Assembly.

РЕЗОЛУЦИЈА

Борба против нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните

во просторот на ОБСЕ

предлагач: г-ѓа Валбурга Хабзбург Дуглас (Шведска)

  1. Препознавајќи дека почитувањето на човековите права и фундаменталните слободи, демократијата и владеењето на правото се камен темелник на сеопфатниот безбедносен концепт на ОБСЕ,
  2. Повторно потврдувајќи дека постапките на нетолеранција и дискриминација претставуваат закана за демократијата, а со тоа и на целокупната безбедност на регионот на ОБСЕ и пошироко,
  3. Потсетувајќи дека земјите учеснички се заложија да ги гарантираат човековите права и фундаменталните слободи на секој што се наоѓа на нивната територија и којшто подлежи на нивната јурисдикција и да им овозможат на сите лица да уживаат еднаква и ефикасна правна заштита,
  4. Повторно потврдувајќи го неповредливото право на поединецот да ја практикува својата вера сам или во заедница, во приватниот и јавниот живот и да живее слободно според барањата на сопствената совест,
  5. Признавајќи го позитивниот придонес на христијаните кон социјалната кохезија, културното збогатување и дебатата за вредностите во нашите општества,
  6. Поздравувајќи ја работата на ОДИХР во овој домен,
  7. Поздравувајќи ги напорите на Личниот претставник на претседавачот за борба против расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата, кој исто така се фокусира и на нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните и членовите на другите религии, подигајќи ја свесноста за овој итен предизвик,
  8. Осудувајќи го проблемот во неговите различни аспекти, подеднакво во источните и во западните земји,

Парламентарното собрание на ОБСЕ:

  1. Одлучи да обезбеди следење на работата започната во 2009 година на Експертската тркалезна маса за нетолеранција и дискриминација врз христијаните, одржана во Виена на 4 мај 2009 година,
  2. Одлучи да ги интензивира напорите за набљудување, истражување и публицизирање на потребата за борба против нетолеранцијата и дискриминацијата во целата област на ОБСЕ, што вклучува напори во  домените на, меѓу другото, образованието, медиумите, законодавството, спроведувањето на правото и криминалот од омраза, како и да работи во тесна соработка со претставниците на христијнските цркви,
  3. Одлучи да ги интензивира консултациите и соработката со Личниот претставник на претседавачот на национално и меѓународно ниво,
  4. Препорачува да се иницира јавна дебата за нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните и да се гарантира правото на христијаните за целосно учество во јавниот живот,
  5. Препорачува да се евалуира законодавството во земјите учеснички во врска со дискриминацијата и нетолеранцијата врз христијаните, вклучувајќи го трудовото право, правото на рамноправност, слободата на изразување и здружување, законите во врска со религиозните заедници и правото на совесни приговори,
  6. Ја поттикнува Владата на Турција да дозволи повторно отварање на Теолошкото училиште на Екуменската патријаршија од Халки, безусловно и без понатамошно одлагање, во согласност со заложбите од Завршниот документ од Виена од 1989 година, кој го афирмира правото на религиозните заедници да обезбедат „образование на религиозниот персонал во соодветни институции“,
  7. Ги охрабрува медиумите да не шират предрасуди против христијаните и да се борат против негативните стереотипи,
  8. Ги охрабрува христијаските цркви да го продолжат своето учество во јавниот живот, придонесувајќи кон одбраната на дигнитетот на сите човечки суштества и да обезбедат слобода и социјална кохезија.

Солидарноста кон МПЦ-ОА ќе спречи капитулација на православието

„Наредната точка на капитулација на православието во Европа може да се случи во Македонија. Затоа, важно е да има општоправославна и христијанска солидарност кон Македонската православна црква-Охридска архиепископија“ – вака ѓаконот Андреј Кураев, професорот на Московската духовна академија и виш научен соработник на Московскиот државен универзитет, кој изминатите два дена беше во посета на Македонија, ја оценува состојбата со православието на Балканот и во Европа, а особено ја нагласува тешката ситуација во која се наоѓа МПЦ-ОА. Неговите персоналии може да ги видите овде.

Во овие турбулентни времиња за православието во Европа и во светот, како верниците може да ја воскреснат новата надеж во верата и односот кон неа?
– Православието е стара религија и не е егзотична европска религија. Во целиот свет се случува црковна антиреволуција. Она што ги нурнува младите во православието е конзервативизмот. Тие сакаат да го искусат она што е тешко, односно сакаат да се испробаат во живот поинаков од нивниот. Православието е највисока конзервативна христијанска конфесија, која има голема шанса во современиот свет. Тоа станува етички и интелектуално привлечно за оние што не сакаат да бидат жртви на телевизиските пропаганди.

Дали сметате дека процесот со христијанското обединување би можело да помогне во прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална црква?
– Познати се случувањата со православието во Косово. Тоа може да се случи и со Македонија. Еден од патиштата за спречување на можната капитулација е луѓето од православните земји да доаѓаат во Македонија, да разменуваат искуства и да го видат дејствувањето на Македонската црква. Во православието имаме ист проблем – секуларизмот и затоа треба да има обид да се споиме еден со друг.

Имаше најави од Руската православна црква дека ќе се обиде да посредува меѓу Српската православна црква и МПЦ-ОА. Дали е можно тоа?

– Благодарен сум што во вакви ситуации не сум патријарх и затоа не можам да кажам дали се можни евентуални посредништва. Не сум ни амбасадор на патријархот Кирил, но историјата сведочи дека имало многу мисионери како мене што направиле доста за културното зближување меѓу народите. Во разговорот со поглаварот г.г. Стефан на МПЦ-ОА заклучивме дека смислата на животот на црквата не е во тоа постојано да се бориме за нејзината независност, зашто така нема да има место за Христа.

Изминатите денови посетивте цркви и манастири во Македонија и видовте како функционира црковниот живот меѓу верниците. Дали сметате дека МПЦ-ОА заслужува и ги исполнува условите да биде дел од православието?
– Вие мора да бидете дел од Православната црква. Главниот проблем е во грчката алергија кон словенска Македонија, односно не е поврзан со српскиот национализам. Ме радува тоа што проблемот е политички, зашто така може побрзо да се реши, отколку ако беше црковно-политички. Вашите политичари треба да се заложат за наоѓање решение со Грција, зашто на овој начин се чини дека Македонија ја разорува обединета Европа, а на водачите на земјите на Централна Европа им е важно таа да стане дел од нив.

Која порака би им ја упатите на црковните лица во МПЦ-ОА за нивната идна перспектива?

– МПЦ-ОА треба да има храброст да остане сама, односно да не се здружува со православните расколнички цркви што владеат во соседните земји. Таа не смее да стане нивен центар, оти тогаш ќе добие интернационален проблем.

Автор: Радмила Заревска (Овој разговор оригинално е објавен на сајтот Нова Македонија)

Унгарија ги врати во Уставот „Бог и Христијанството“

Пред месец и половина Унгарскиот Парламент со двотретинско мнозинство го изгласа новиот Устав на државата. Во него се вели, дека унгарскиот народ го обединуваат „Бог и Христијанството.“ Државата има обврска да го заштитува животот, со напомнување дека животот започнува со зачнувањето, што значи дека абортусот ќе биде забранет. Освен тоа, бракот се дефинира во унгарскиот основен закон  како сојуз на маж и жена, што го исклучува признавањето на тнр. еднополови бракови. Тие факти, секако, многумина ги гледаат како удар по современите „европски принципи.“

Додека христијаните го поздравуваат смелиот чекор на малата држава, бранителите на хомосексуализмот и абортусите веќе организираат протестни демонстрации.