Предавања на проф. протоѓакон Андреј Кураев во Скопје

Протоѓакон Андреј Кураев е роден на 15 февруари 1963 г. во Москва.

Во 1984 г. го завршил философскиот факултет МГУ по катедрата за историја и теорија на научниот атеизам, стапил на аспирантура на Институтот за философија АН СССР; во 1985 г. преминал на работа во Московската духовна академија.

Во 1988 г. ја завршил Московската духовна семинарија, а потоа учел во Букурештскиот Богословски институт. По враќањето од Романија во периодот 1990-1993 г. работел како референт на Патријархот Московски на цела Русија Алексиј II.

Во 1992 г. ја завршил Московската духовна академија.

Во 1993-1996 г. бил декан на философско-богословскиот факултет на Рускиот Православен универзитет св. Јован Богослов. Од 1997 г. бил професор на Православниот Свето-Тихоновски богословски институт. Од есенскиот семестар 2004 г. основното место за работа му било во Московската Духовна Академија (а притоа продолжил да предава на Свето-Тихоновскиот институт.

Во 1994 г. во Институтот за философија на РАН ја одбранил дисертацијата за научен степен кандидат на философски науки. Во 1995 г. ја одбранил кандидатската дисертација по богословие во Московската духовна академија.

Во 1996 г. Патријархот Алексиј, откако бил претставен од научниот совет на РПУ, му го дал научното звање професор по богословие.

Со решение на Синодот од 12 март 2002 г. бил вклучен во состав на редакцискиот колегиум на зборникот „Богословские труды.“

Со решение на Синодот од 24 декември 2004 г. бил вклучен во состав на Синодската Богословска комисија.

Со решение на Синодот од 31 март 2009 г. бил вклучен во состав на Црковно-општествениот совет за заштита од алкохолна зависност.

Член на експертно-консултацискиот совет за проблеми со слободата на совеста при Комитетот на Државната Дума на РФ за работи на општествени организации и религиозни обединенија.

Протоѓакон е на храмот „Архангел Михаил“ во Тропарјово.

Професор е на Московската духовна академија; постар научен соработник на катедрата по философија на религијата на философскиот факултет МГУ.

На 5 април 2009 г. Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, за активно мисионерско служење и работа со младите го возвел о. Андреј во чин протоѓакон.

Награди: 2003 г. — орден на прп. Сергиј Радоњежски од III степен.

E-mail: andrey@kuraev.ru Web-саjт: http://www.kuraev.ru

Архиепископ Филипополски Нифон: Епископите во земјата се канонски.

Разговор со Aрхиепископот Филипополски Нифон, претставник на Патријархот на Велика Антиохија и на целиот Исток при Патријархот Московски на цела Русија, во Охрид на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог (2010 г.)

Линкови:
Македонските епископи се канонски! (Вечер)
Проблемот на МПЦ е само канонски (Дневник)

Од божикното послание на Патријархот Константинополски Вартоломеј

Дeнес «Словото плот стана и се всели среде нас» (Јн.1:14) и ангелите торжествено го празнуваат овој настан, пеејќи: «Слава во височините на Бога и на земјата мир, во луѓето добра волја (Лк.2:14) .

Со Воплотувањето и Вочовечувањето на Словото веќе потенцијално се извршило спасението на човековиот род. Бидејќи, оние што поверувале во Христа, го живеат животот согласно со таа вера, со заповедите на тоа учење на Исус, се вознесуваат благодарение на таквиот богоугоден живот и стануваат пријатели и заедничари на Бога! Тие стануваат «причестници на Божествената природа» (2 Пет. 1: 4), богови по благодат! И тоа се случува исклучиво во Црквата, каде што човекот се преродува во Христа, посиновен е од Отецот во светото крштевање и понатаму, со светите таинства и со обработувањето на добродетелта, се исполнува со Божествената благодат и со Светиот Дух и расте «во маж совершен, во мерката на возрастот на полнотата Христова» (Еф.4:13), додека да рече со апостолот Павле: «Живеам веќе не јас, туку живее во мене Христос» (Гал.2:20). Оние што се усовршуваат на тој начин, Христос ги смета не просто за Свои пријатели или браќа, туку ги признава за членови на Своето тело. Затоа од височината на Крстот тој на Божјата Мајка ѝ рекол за евангелистот Јован: «Жено, еве го твојот син », а на Јован: «Еве ја твојата Мајка» (Јн. 19:26-27).

И така, Рождеството широко ја отвора вратата за човекот да стане Христос и бог по благодат, и токму заради тоа «празнува во радост целото создание и небесата со нас се веселат»  во овој знаменит и спасителен ден!

www.pravoslavie.ru