Повикувањето на апостолите

А кога одеше покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа рибари, па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!” А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа. И кога отиде оттаму, виде натаму други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со татка им Заведеј, како ги крпат своите мрежи, и ги повика. И тие веднаш ги оставија коработ и татка си и Го следеа. И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот. (Мт. 4:18-23)

Откако го слушнале христовиот повик, Петар и Андреј – Евангелиото истакнува дека –  тие веднаш ги оставиле мрежите и тргнале по Него. Во нивната решителност да го следат Учителот Христос, се гледа нивната доверба во Господа. Тие не прашаа: Каде ќе одиме? Како ќе се храниме? И на кого да ги оставиме нашите семејства, бидејќи беа женети.

Очигледно, нивните срца биле подготвени да ја следат Вистината и Правдата и тие како да живееле во исчекување на таков повик. Тие сѐ што имале оставиле заради Бога, и го прифатиле христовиот повик.

Господ Исус Христос не им ветува никакви земски почести, никави земски кариери… Не им ветува дека ќе ги научи лесно да станат добри трговци, дека лесно ќе заработуваат, дека удобно ќе живеат и ништо слично на тоа…

Христос ги повикува да станат ловци на луѓе. Рибарите кои во животот не учеле друго училиште освен риболовиот, Христос сака да ги направи ловци на луѓе? А со што можат да ги привлечат луѓето тие нешколувани рибари?  Одговорот на ова прашање ни го дава духовденскиот тропар:

Благословен си Христе Боже наш, кој премудри ги покажа риболовците кога им го испрати Светиот Дух и со нив ја улови вселенатаContinue reading

Бог умре и воскресна!

…Во XIX век човештвото слушна од устата на трагичниот философ, дека «Бог умре! Ние го убивме. Сите ние сме негови убијци. Бог ќе остане мртов! Што друго се тие цркви, ако не гробови и надгробја на Бога?»; и неколку децении подоцна од друг философ: «Бог умре! Господа, јас ви ја објавувам смртта на Бога!».

Овие изјави од философите-атеисти го потресле сознанието на луѓето. Збунетост се зацарила не само во средината на уметниците, туку и во богословските кругови, воглавно на Запад, во кои почнале дури да говорат за «теологија на смртта на Бога».

Секако, Црквата никогаш не се сомневала во тоа, дека Бог умрел. Тоа се случило во 33-та година на гората Голгота во Ерусалим, во време на Понтиј Пилат – римски управител на Јудеја. Откако претрпел големи страдања, Бог бил распнат како престапник и околу 9-иот час во Петок, откако рекол: «Се изврши!», го предал духот! Тоа е неспорна историска реалност.

Еднородниот Син и Божјо Слово, Исус Христос, вистинскиот Бог, умре «за сите» луѓе (2.Кор. 5:14)! Со примањето на сè што е наше: телото, душата, волјата, енергијата, тегобноста, мачнината, болката, тагата, копнежот, радоста… – сè, освен гревот, Тој конечно го прмил и нашиот најголем проблем – смртта. Притоа, Тој ја примил најмачната и понижувачка форма на смрт, т.е. смрт на крст.

Ние дури ќе се согласиме со философите, дека црквите, храмовите се – «гробови», «надгробја» на Бога! Но, ние знаеме, го доживуваме и Му се поклонуваме на Бог кој умре, како на «мртов Животоначелник»! Малку време по Страдалниот Петок, утредента, во уште неразденетиот «прв по саботата», во Неделата се случило тоа, заради што и се оствари преку воплотувањето и страдањата и крстот, и слегувањето во адот Божјото домостроителство – Воскресението! А Воскресението, исто така е неспорна историска реалност. И таа реалност има непосредни и спасителни последици за сите нас. Воскресна Божјиот Син! Воскресна Бог со сите својства на Својата човечност: со телото, кое Тој го примил од пречистото тело на Пресвета Богородица, и со Својата света душа. Тој воскресна од мртвите и «серодниот Адам го воскресна како Човекољубец»! Гробот на Исус, «новиот гроб» на Јосиф, останува празен засекогаш! Наместо споменик за мртовец, тој стана споменик на победата над смртта, извор на живот! Изгреа Сонцето на правдата, дарувајќи ни безвечерна светлина, мир, радост, ликување и вечен живот!…

Од Пасхалното Послание на Константинополскиот Патријарх Вартоломеј

Светата (богојавленска) вода

Денес, во Навечерието на Крштението Господово се подготвуваме за големиот празник на кој го споменуваме крштението на Господ Исус Христос од Јован Предтеча и Крстител во реката Јордан. Continue reading

Богатиот и Лазар

lazarus_richman
19 Еден човек беше богат и се облекуваше во порфирa и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20 Имаше, исто така, и еден сирoмав, по име Лазар, кој струполив лежеше пред вратата негова;
21 и сакаше да се нахрани од трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22 Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Аврамово; умре и богатиот и го погребаа.
23 И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазар во крилото негово.

За богатиот е кажано само дека бил богат. Самото богатство овде не е во прашање. Тој стигнал во пеколот не затоа што имал богатство, туку затоа што се поистоветил со богатството, така што богатството станало негов идентитет. Можеби, затоа и воопшто не се спомнува неговото име. Богатиот не само што не му правел лошо на Лазар, уште помалку – ништо не направил за него. Едноставно, го пренебрегнувал. „Судот е без милост за оној што не направил милост” — вели Божјото слово (Јк. 2, 13). Таа тајна до крај ќе се открие во животот на идниот век. Continue reading

17 Недела по Педесетница – на Хананејката

(Зачало 62) И изшед оттуду иисус, отиде во страны тирския и сидонския. И се, жена хананейска, от предел техъ изшедши, возопи к нему глаголющи: помилуй мя, господи, сыне давидов, дщи моя зле беснуется. Oн же не отвеща ей словесе. И приступльше ученицы его, моляху его, глаголюще: отпусти ю, яко вопиет вслед нас. Oн же отвещав рече: несмь послан, токмо ко овцам погибшим дому израилева. она же пришедши поклонися ему, глаголющи: господи, помози ми. он же отвещав рече: несть добро отяти хлеба чадом и поврещи псом. Oна же рече: ей, господи: ибо и пси ядят от крупиц падающих от трапезы господей своих. Тогда отвещав иисус рече ей: о, жено, велия вера твоя: буди тебе якоже хощеши. И исцеле дщи ея от того часа. (Мт. 15:21-28)

Денес го слушавме Евангелието во кое се говори дека Господ Исус Христос отишол во „краиштата Тирски и Сидонски”, т.е. излегол од пределите каде што живееле богоизбраните и правоверни јудеи. Во тоа време Палестина ја населувале многу народи. Христос требало да помине низ местноста каде што живееле феникијците односно хананејците. Continue reading