Светител Григориј Богослов

Tропар, глас 1

Пастирското свирало на твоето Богословие/ ги победи трубите на риторите,/ бидејќи длабочините на духот ги истражи,/ и убавината на говорот ти беше додадена./ Но, моли го Христа Бога, отче Григорие,// да бидат спасени нашите души.

Кондак, глас 3
Со твојот Богословски јазик риторските вештини ги разурна, славен,/ со одеждата на православието, одгоре исткаена, ја украси Црквата,/ која што и носејќи ја, со нас, твоите чеда, извикува:/ радувај се, отче,// на Богословието ум извонреден.

Глагол твоих божественное вещание, и догматов благодать божественная, яко скорость молнии всю обтече землю, Троице во Единице, Единице в Троице, покланятися, богослове, богословствуя и научая нас. Continue reading

Свето Богојавление. Крштение на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос

Тропар, глас 1

Кога во Јордан се крштеваше Господи,/ се покажа Троично поклонение:/ оти, Родителскиот глас Те сведочеше Тебе,/ возљубен Син именувајќи Те,/ и Духот во вид на гулаб/ известуваше потврдување на зборовите./ Тебе Кој се јави Христе Боже// и светот го просвети, слава Ти.

Кондак, глас 4

Се јави денес на вселената,/ и светлината Твоја, Господи, се означи на нас,/ во разумот на тие што Те пеат:/ дојде и се јави,// Светлино Непристапна.

Величание

Те величаме Тебе,/ Животодавецу Христе,/ Кој заради нас сега со плотта се крсти/ од Јован// во Јорданските води.

Крштението на Господ наш Исус Христос – е еден од дванаесетте празници, кој се празнува не помалку торжествено од Рождеството Христово. Може да се каже, дека Рождеството и Крштението, сочинуваат едно торжество – празникот Богојавление. Имено, во единството на овие празници нам ни се јавуваат сите три личности на Пресвета Троица. Заради ова празнично единство, во периодот од Божик до Водокрстот пред Богојавление – не се пости. Continue reading

Обрезание Господово. Свети Василиј Велики, архиепископ на Кесарија Кападокиска

Тропар на Обрезание Господово, глас 1

Ти Кој на Престол огновиден/ во Височините седиш со Отецот Безпочетен и Божествениот Твој Дух,/ благопосака да се родиш на земјата/ од Девојка Неискусомажна, Твојата Мајка, Исусе,/ затоа и обрезан беше, како Човек осумдневен./ Слава на себлагиот Твој совет,/ слава на Твојата промисла,// слава на Твоето слегување, Единствен Човекољубецу.

Кондак на Обрезание Господово, глас 3

Господ на сите обрезание трпи/ и човековите гревови, како Добар, ги обрезува,/ му дава спасение денес на светот./ А, се радува во Висините и јерархот на Творецот,// и светлоносниот, Божествен тајновршител Христов Василиј.

Тропар на светителот Василиј, глас 1

Твојата проповед излезе во сета земја,/ која го прими твоето слово,/ со кое богокрасно поучи,/ природата на битијата ја објасни,/ човечките обичаи ги украси,/ царско свештенство, отче преподобен,/ моли го Христа Бога// да бидат спасени нашите души.

Кондак на светителот Василиј, глас 4

Се покажа неколеблива основа на Црквата,/ давајќи им го на сите неукрадливото господство на луѓето,/ запечатувајќи го со твоите поуки,// небојавен Василие преподобен.

На 1 јануари според јулијанскиот календар, а на 14 сп. грегоријанскиот, Православната Црква торжествено го обележува празникот Обрезание Господово, во спомен на тоа, дека Богомладенецот, на осмиот ден по Своето Раѓање, според старозаветната традиција, примил обрезание, коешто било востановено за сите новороденчиња од машки пол во знак на Заветот на Бога со патријархот Авраам и неговите потомци. Притоа, Нему му било дадено името Исус (што значи – Спасител). Самото наречение на ова име е знак на најголемото служење на вочовечениот Син Божји, „зашто Тој ќе ги спаси Своите луѓе од нивните гревови” (Мт. 1, 21). Continue reading

Собор на Пресвета Богородица

Отецот посака, / Словото плот стана, / и Дева го роди Бога Кој се вочовечи; / ѕвездата возвестува, мудреците се поклонуваат, / пастирите се чудат, и созданието се радува.

Необработениот Грозд го израсна, таинственото Лозје, / како на гранки, во прегратките носејќи го и велеше: / Ти си Мој Плод, / Ти си Мојот Живот. / Од сега познав, дека и каква што бев, сум. / Ти си Мојот Бог: / зашто, печатот на Моето девство гледајќи го недопрен, / Те проповедам Тебе, неизменетото Слово што плот стана. / Не знам за семе, Те знам Тебе, Ослободителот од пропадливоста: / зашто, чиста сум, иако Ти помина низ Мене, / како што ме најде, ја остави Мојата утроба, запазувајќи ја цела. / Затоа, ликува целото создание, извикувајќи кон Мене: / радувај се, Благодатна.

Богородице Дево, што Спасителот го роди, / ја уништи првата Eвина клетва, / како Мајка беше на благоволноста на Oтецот, / носејќи го во утробата Божјото Слово воплотено. / Не трпи тајната испитување. / Само со вера Неа сите ја славиме, / велејќи со Тебе и зборувајќи: / Неизречен Господи, слава Ти.

(Од Утрената богослужба)

Навечерие на Рождеството Христово

Кондак на отците, глас 1

Весели се, Витлееме, Евфрато, подготвувај се:/ зашто, еве, Јагницата, Пастирот Велик во утробата носејќи го, брза да го роди./ Него гледајќи го, Богоносните отци се веселат,// со пастирите пеејќи ја Дева што дои.

Тропар на претпразништвото, глас 4

Се запишуваше некогаш со старец Јосиф,/ како од родот Давидов,/ во Витлеем Мариам,/ носејќи го во утробата безсемениот Пород./ Настана оти времето за раѓање,/ и место (нема) ниту едно за престој,/ но како убава палата/ пештера на Царицата се покажа.// Христос се раѓа да го воскресне претходно паднатиот образ.

„Оваа ноќ на Рождеството мирот му беше подарен на целиот свет, затоа никој да не загрозува. Оваа ноќ е најнежна, никој да не биде суров. Оваа ноќ е најсмирена, никој да не се гордее. Сега е ден на радост, никој да не се одмаздува. Сега е ден на добрата волја, никој да не биде подмолен. Во овој ден на мирот да не бидеме освоени од гневот. Денес Прекрасниот осиромаши заради нас; така што вие богатите – поканете беден на вашата трпеза. Денес добивме дар за кој не молевме; затоа дајте милостина на оној што ве преколнува и моли. Овој денешен ден бргу ја отвора небесната врата за нашите молитви. Да ја отвориме нашата врата за оној што од нас бара простување. Сега Божествениот го зеде на Себе печатот на човештвото, за човештвото да биде украсено со печатот на Божеството.” (St. Isaac the Syrian)

Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!

Рождество Христово ни говори и за Бога и за човекот.

За Бога тоа ни кажува дека Тој стана сроден со нас. Божјата љубов кон човекот е таква, што Бог е подготвен да стане еден од нас. А ова значи, дека Тој не нè создал просто за да одговараме пред Него, затоа што не сме успеале да живееме така како што Тој замислил. Со Христовото рождество, Бог на Себе ги зема сите последици од Своето творечко дело.

Христовото Рождество ни говори и за значењето на човекот. Помислете само, колку длабок мора да е човекот, за Бог да може да стане човек. Човекот навистина е бескрајно приемчив, така што може да стане престојувалиште на Бога.

За ова зборува свети Григориј Палама. Кога го прашале, како Бог може да стане човек – а човекот да не изгори во тој пламен на божеството, и пламенот да не изгасне во студенилото на човештвото, тој одговорил: „Воплотувањето е слично на ставање на меч во оган. Пред да го вжариме мечот, тој е студен, темен, а кога го извлекуваме од огнот, тој целиот гори, сјае и – чудо на чудата! – сега може со огнот да се сече и со железото да се гори.” Токму тоа се случило и при Христовото раѓање. Continue reading