Лого

Со ова лого конкурирав на „Конкурсот за избор на идејно решение за заштитен знак на МРТ“ кoj беше распишан во февруари. Идејата за логото е со мотив од државното знаме.

Впечатоци од велигденскиот духовен концерт

Ако се има предвид широко-распространетата уметничка суета, за почит е смирениот пристап на композиторот кој филхармонијата ја искомбинирал во органско единство со одамна-установената музичка варијанта на богослужбено пеење на статиите, па дури и ја потчинил на тој мелос, без егоистична намера за каприциозно истакнување. Мислам дека со таа инструментална скротеност се доби само поголема музичка торжественост и величественост, отколку ако тоа би биле само „варијации на тема“ или „со мотив од…“ Музиката, која ја нарекуваат: византиска, источна, старомакедонска, всушност е сублимат на оние музички интервали од широк географски простор, во кои на најсуптилен начин се содржани човековите молитвени песнопеења, фалења и повикувања на Бога „ex profundis.“ Убеден сум дека тоа е мелосот кој со мекоста и со брановидноста на својата музичка линија има најсилен потенцијал да го засегне и смекне вознемиреното срце на современиот човек и да ги израмни и подготви патеките во душата за Господа. Честитки и благодарност до сите чинители што го овозможија ова ретко музичко доживување. (Повеќе детали и фото од концертот на: bigorski.mk) Во продолжение на овој прилог е приложена снимката на концертот во 6 делови: Continue reading

Азбучна молитва

Таа е еднa од најраните или дури првата словенска стихотворба. Некои научници сметаат дека ја напишал творецот на словенската азбука — свети Кирил. Други научници авторството го припишуваат на ученикот на свети Методиј, Константин Преславски (епископ на Преслав Велики), кој живеел на крајот на IX и почетокот на Х век.

(А) Jaс со ова слово се молам на Бога:
Боже, на сето создание Градителу,
(В) на видливото и невидливото,
Господа Духот испрати го Живиот,
Да вдахне во моето срце слово,
(Е) што ќе биде за успех на сите,
(Ж) кои живеат во твоите заповеди.
(З) Многу оти свети светилникот на Животот
Законот Твој е светлина на патиштата,
(И) за оној што ги бара Евангелските слова
И бара Твоите дарови да ги прими.
Кон крштението се обратија сите,
Луѓе твои што сакаат да се наречат,
Милоста Твоја, Боже, ја просат многу,
Но, сега пространо слово дај ми,
Отче, Сине и Пресвет Духу,
Просам помош од тебе. Зашто
Рацете свои високо ги кревам постојано,
Сила да примам и мудрост од Тебе.
Ти оти им даваш на достојните сила, секоја ипостас ја исцелуваш.
(У) Надеж на сите краишта на земјата,
(Ф) Од фараонот на злобата избави ме.
Херувимска мисла и ум дај ми.
О, Чесна Пресвета Троице, тагата моја во радост претвори ја.
Целомудрено да почнам да ги пишувам
Чудесата Твои прекрасни сосема
(Ш) На шестокрилите силата да ја примам
Одам сега по трагите на Учителот, името негово и делата ги следам.
(Я) Јавно ќе го направам Евангелското слово, пофалба ќе ѝ воздадам на Троица во Божество,
(Ю) Која ја пее секоја возраст, млад и стар со својот разум,
Народ нов, фалба му воздава постојано на Отецот, Синот и Пресветиот Дух,
Кому чест и сила и слава од секое создание што дише во сите векови и засекогаш. Амин.
***************************************
Аз словом сим молюся Богу:
Боже всея твари Зиждителю,
Видимым и невидимым,
Господа Духа посли Живущего,
Да вдохнет в сердце ми слово,
Еже будет на успех всем,
Живущим в заповедех Ти.
Зело бо есть светильник Жизни
Закон Твой, свет стезям,
Иже ищет Евангельска слова
И просит дары Твоя прияти.
Ко крещению обратишася вси,
Людие Твои нарещися хотяще,
Милости Твоя, Боже, просят зело,
Но мне ныне пространно слово даждь,
Отче, Сыне и Пресвятый Душе,
Просящему помощи от Тебе.
Руце бо свои выспрь воздею присно,
Силу прияти и мудрость у Тебе.
Ты бо даеши достойным силу, ипостсь же всякую целиши.
Упование всех концев земли,
Фараона мя злобы избави.
Херувимскую ми мысль и ум даждь.
О, Честная Пресвятая Троице, печаль мою на радость преложи.
Целомудренно да начну писати
Чудеса Твои предивные зело
Шестокрылатых силу восприиму
Шествую ныне по следу Учителю, имени Его и делу последуя.
Явным сотворю Евангельское слово, хвалу воздая Троице в Божестве,
Юже поет всякий возраст, юн и стар своим разумом,
Язык нов, хвалу воздая присно Отцу, Сыну и Пресвятому Духу,
Емуже честь и держава и слава от всея твари дыхания во вся веки и навеки. Аминь.

Фотогрaфии од обратна перспектива

Ова повеќе личи на технолошко откритие – на фотографиите, кои, како што се чини,  се повикани да ја фиксираат објективната реалност, се појавува обратна перспектива. Тој ефект (обратна перспектива), е опишан во иконописниот канон и до сега се сметаше за теоретска конструкција (умозрительное построение).

Гор Чахал, уметник: „Прочитав на интернет, дека е можно да се добие тој ефект со помош на различни сочива.“

Уметникот Гор Чахал тргнува од тоа, дека обратната перспектива е реална, макар затоа што, ако се продолжат линиите на правата перспектива до моментот кога ќе се пресечат во една точка – тогаш зад хоризонтот тие повторно ќе се разминат. Само, што има таму, зад хоризонтот?

Гор Чахал: „Основната идеја на ова изложба е – духовниот свет постои. Јас така би рекол.“

Делата изложени во Централниот дом на уметникот – со лебови што нараснуваат и риби што се зголемуваат со оддалечувањето од гледачот – неочекувано предизвикаа огнена дискусија во друштвото на проучувачите на уметноста. Може ли „мртвата природа“ да има сакрален карактер?

Вера Головина, куратор на изложбата: „Веројатно, ова не е сакрална уметност, за која би мечтаеле. Но ова е приближување кон неа.“

Кон мртвата природа на Гор Чахал може да се пристапи и од богословска гледна точка. Веројатно, таков – бескрајно мал и затоа отворен кон гледачот – изгледа нашиот свет пред окото на Творецот. И на древните иконописци тоа им било познато.

Анна Палчева и Александр Кожевников за емисијата „Церковь и мир.

Недела на руски филмови во Македонија

Промотивен блог за „Недела на руски филмови во Македонија во рамките на Денови на духовна култура во земјите на Југоисточна Европа.“ (17-24. 09. 2010 г.) http://ruskifilmovi.wordpress.com/

Една војна / Одна война (Скопје-17 сеп. 20.00 ч., Битола-18 сеп. 20.00 ч., Охрид-19 сеп. 20.00 ч.)


Поп / Поп (Скопје-18 сеп. 20.00 ч., Битола-19 сеп. 20.00 ч., Охрид-20 сеп. 20.00 ч.)

Пролетта доаѓа / Скоро весна (Скопје-19 сеп. 20.00 ч., Битола-20 сеп. 20.00 ч., Охрид-21 сеп. 20.00 ч.)

Цар / Царь (Скопје-20 сеп. 20.00 ч., Битола-21 сеп. 20.00 ч., Охрид-22 сеп. 20.00 ч.)

Соба и половина, или Сентиментално патување во Татковината / Полторы комнаты, или Сентиментальное путешествие на родину (Скопје-21 сеп. 20.00 ч., Битола-22 сеп. 20.00 ч., Охрид-23 сеп. 20.00 ч.)

Ние сме од иднината / Мы из будущего (Скопје-22 сеп. 17.00 ч., Битола-23 сеп. 20.00 ч., Охрид-24 сеп. 20.00 ч.)