Православна гносеологија

Основната карактеристика на новозаветнaта христијанска гносеологија е таа дека знаењето/спознавањето е споено со љубовта… [download 11.7 MB 12 min.]

Вистината

Меѓу прашањата кои одамна се наречени «проклети», е и прашањето за постоењето на вистината. Секако, може да се забие главата во песокот на скептицизмот и да се рече: сѐ е релативно, нема ништо апсолутно и никаква вистина не постои. Но, зарем не е нелогично да се рече дека не постои вистина, а самото тоа тврдење – да се смета за вистинито?

Всушност, насекаде сме окружени од вистини. Вистина е дека сме живи; вистина е дека овој свет – не е илузија на нашето сознание и реално постои; конечно, вистина е дека 2+2=4. Но, зошто тогаш скептикот продолжува да вели: «Тие вистини постојат, а Самата Вистина – не постои!?» Очигледно е дека кога по Понтиј Пилат го поставуваме прашањето: «Што е вистина?» – ние говориме не за точноста на некакви математички аксиоми, туку за нешто друго. Зарем вистините кои се расфрлани насекаде – не сочинуваат еден ланец, една цврста низа сплетена во некаква неведлива слика – и можеби, слика со смисла? Во тој случај, луѓето  нема малодушно да сакаат да се скријат од категоричноста на Вистината напишана со голема буква. Зашто, ако постои Вистината, таа има непосреден однос кон секој секој човек?

Блажени Августин вели: «Љубејќи нешто друго, (невистинито), луѓето сакаат она што го љубат да се покаже како вистина – и затоа тие ја мразат вистината, заради љубовта кон она што тие го сметаат за вистина».

Самиот збор «вистина» потекнува од глаголот «быть»: вистината – е «ест-ина» – она што всушност е (ест). Но за што може да се каже дека вистински постои? Секој предмет или појава има свој извор. Ништо не е самобитно во овој свет! Затоа, кога на гората Синај низ громови и молњи Мојсеј го слуша гласот на Бога – «Аз есмь Сый» – што значи «Јас сум Тој кој Е (Ест)» – тој го слуша гласот на Самата Вистина.

«За да стигнеме до Вистината – пишува свештеникот Павел Флоренскиј – треба да ја оставиме својата самост, треба да излеземе од себе; а тоа за нас е неможно, зашто сме – плот. А… како во таков случај да се фатиме за Столбот на Вистината? – Не знаеме и не можеме да знаеме. Знаеме само, дека низ отворените пукнатини на човечкото размислување станува видлив сјајот на Вечноста. Тоа е несфатливо, но тоа е – така. И знаеме дека “Бог е Бог Авраамов, Исааков, Јаковов, а не Бог на философи и научници.” Тој доаѓа кон нас, нѐ фаќа за рака и нѐ води така, како што не би можеле да помислиме».

Вистината, како што неа ја гледа христијанското откровение – никако не е некаков бесмислен и мртов закон на битието на огромниот механизам кој се вика Вселена. Вистината има свое лице, Нејзините очи внимателно гледаат во човечките срца; дали останало во нив уште нешто што е сродно со Неа? Нејзиниот поглед е строг – но е поглед со љубов. Вистината има човечко лице – тоа е ликот на Богочовекот – Исус Христос. Вистината – е «Незаборав кој не можат да го однесат потоците на Времето, таа е Тврдина која не може да биде поткопана од Смртта, таа е Суштество најсуштествено, во кого нема никакво Небитие» (о. Павел Флоренскиј). И таа Вистина е крај нас, таа никогаш нема да пресуши, без оглед што многу квази-вистини се обидуваат да ја засолнат, да се претстават како Главната Вистина на Битието. Само да не се измориме пронаоѓајќи ја Вистината во хаосот на лажни дела и човечки зборови, во таа смеса од вистина и лага, онаа единствена Вистина што може да спаси.

Превод од: Истина

Децата кон Бога

Ви предлагам извадоци од книгата: Михаил Дымов, „Дети пишyт Богy”:

  • Здраво, Господи. Како оди работата? Како си? Како здравјето? //Жења, 2 одд.
  • Господи, а Христос каде е сега, што прави Тој? //Стелла, 2 одд.
  • Добро, Христос страдал заради луѓето, а заради што страдаат луѓето? //Гриша, 4 одд.
  • Можеби, можам со нешто да ти помогнам? //Света, 2 одд.
  • Господи, а Ти воопшто постоиш ли? //Александар, 2 одд.
  • А јас всушност, постојам ли? //Љуба, 3 одд.
  • Зошто се родив? //Марик, 3 одд.
  • Зошто со мене никој не се дружи? //Антон, 4 одд.
  • Кажи тајно, ме љуби ли некој? //Анзор, 3 одд.
  • Зошто сите мои дела се лоши? //Јура, 2 одд.
  • Зошто старееме? //Шурик, 3 одд.
  • Зошто така ме влече да направам нешто лошо? Дали тоа Ти ме испитуваш? //Паша, 3 одд.
  • Зошто лошо седам? //Андреј, 3 одд.
  • Ти си добар, ама зошто мора луѓето да те молат: направи, испрати го тоа. //Наташа, 4 одд.
  • Знаеш ли, колку е срамно да си сиромашен без причина? //Ираклиј, 4 одд.
  • Ги гледаш ли сите луѓе? //Валентин, 2 одд.
  • Што ми недостасува, за Ти да се гордееш со мене? //Аљоша, 4 одд.
  • А сега Ти би го создал ли човекот по втор пат? //Олег, 3 одд.
  • Господи, ајде да се дружиме? //Федја, 1 одд.
  • Какви оценки би ми ставил за животот? //Аркадиј, 2 одд.
  • Ах, Господи, но зошто јас сум така изградена? //Ала, 3 одд.
  • Како да живеам, за сите на светот да бидат среќни? //Лиза, 2 одд.
  • А што ако Тебе луѓето не те љубат, а се плашат? //Руслан, 2 одд.
  • Кој Те научи така да се однесуваш со луѓето? //Тања, 3 одд.
  • Зошто сум потребен на планетата Земја? //Олег, 2 одд.
  • Кога ќе станам попаметен? //Борја, 3 одд.
  • Како да се добожиме до тебе? //Јура, 2 одд.
  • Јас се родив, погледнав, а светот веќе е толку зол, суров. //Андреј, 4 одд.
  • Што не Ти се допаѓа во нашиот живот? //Славик, 2 одд.
  • Можеби, Вам таму Ви е тажно? //Софа, 1 одд.
  • Зошто си го направил човекот главен на Земјата? //Олег, 4 одд.
  • А ако сите луѓе стигнат во рајот, ќе има ли место за сите? //Андреј, 3 одд.
  • Зошто, кога некого ќе навредиш, се расипува расположението, а кога некому простуваш, станува радосно? //Ала, 3 одд.
  • Зошто е потребен човекот? //Алик, 3 одд.
  • А ние нели сме твои играчки? //Саша, 2 одд.
  • Зошто човекот не се изведува од јајца? //Тима, 2 одд.
  • Така значи, кој го создал човекот: трудот или Ти? //Рафик, 3 одд.
  • Зошто многу луѓе се такви, несончеви? //Арина, 3 одд.
  • Колку добро јас ќе го завршам својот живот? //Никита, 2 одд.
  • На кој јазик говорат душите? //Раја, 4 одд.
  • Зошто Ти казнуваш добри луѓе? //Федор, 4 одд.
  • Зошто се родив неубав? //Катја, 4 одд.
  • Колку верници има меѓу верниците? //Зоја, 4 одд.
  • Зошто Ти се одврати од мене? //Ања, 3 одд.
  • Многу ли Те посрамотувам? //Вова, 4 одд.
  • Може ли да стигне детството за цел живот? //Марко, 1 одд.
  • Покажи ме, Те молам, на целиот свет. //Алла, 2 одд.
  • Покажи, колку ме љубиш Ти. //Ерна, 2 одд.
  • Откриј нè нам. //Вова, 4 одд.
  • Ајде да се договориме, Господи, јас ќе верувам во Тебе, а Ти – во мене. //Љаља, 2 одд.
  • Јас напишав стихови. Тие се срамни. Јас никому не сум ги покажал, но Тебе, Боженце, ќе ти ги покажам. Еве ги: Возрасните плачат со солзи./ Возрасните плачат со очите./ Малите плачат со срце,/ Малите плачат со животот./ Но ако возрасниот плаче, како малечок,/ значи, тој и навистина плаче. //Марик, 4 одд.
  • Човекот Ти здраво си го измислил, само во забите не си го доработил. Тоа е потребно, па 32 пати одам на лекар! //Васја, 2 одд.
  • Ти посакувам сè најдобро во животот. //Степа, 1 одд.
  • Цветовите Ти излегле подобро, отколку човекот. //Гаља, 4 одд.
  • Господи, не ми се лути тогаш кога не се молам – јас целиот сум во љубовта. //Јаша, 4 одд.
  • Те почитувам заради верата во човекот. //Игор, 3 одд.
  • Па, и јас Тебе, исто така, многу Ти простувам. //Натан, 4 одд.
  • Ние Те разбираме посветло, отколку возрасните. //Гарик, 2 одд.

За самоубиството

Човекот кој е духовно слободен од власта на светот, никогаш не би ја доживеал состојбата на очај и безнадежност, кои водат кон самоубиство. Тој знае, дека изворната радост ја даваат – не световните добра, туку возрастувањето во духовниот живот и блискоста со Бога, дека изворниот живот е раснење во заедницата со Бога.

Човекот пак, што расне за вечноста, никогаш не ќе посака насилно да го прекине својот живот во времето. Слободата од светот се дава преку возрастувањето во духовниот живот. Кога човекот го завршува животот со самоубиство, тогаш, на некој начин, него го убива светот кој станал за него премногу горчлив, додека тој сладоста на светот тој ја сметал за единствениот вистински и изворен живот. Отровот кој човекот во поривот на очајание го прима, зрното што го испукува во себе, реката во која се фрла, сето тоа е „светот” што го уништува, а под чија власт тој се наоѓа. Кога човекот длабоко и животно е проникнат со мислата дека живот во овој свет, во ова време, не е единствениот и конечен живот, дека постои друг, повозвишен, вечен живот, нему никогаш нема да му дојде идејата да се самоубие. Тогаш се појавува пред човекот бесконечната задача да расте во вечноста, духовното искачување, ослобдувањето од власта на лошиот, несреќен, бесмислен живот на светот. Да се победи волјата за самоубиство, значи да се победи власта на „светот” над својата судбина. Continue reading

Наука : Философија : Религија

Наука

Науката дава математички опис на некој фрагмент на реалноста, гради теорија која потоа мора да биде проверена во експеримент. “Проверена во експеримент” значи, дека ние го споредуваме бројното значење на парметрите кои теоријата ги пресметала, со значењата на истите тие параметри добиени во експериментот. “Да се добијат значењата во експеримент” – значи да бидат измерени. Физиката е незамислива без мерење. Тоа е карактерниот признак на новоевропската наука.

Науката не ја достигнува последната реалност. Она што навистина и’ успева – е повеќе или помалку точното математичко опишување на некоја феноменална сфера на човечкото искуство. Тоа – “повеќе или помалку” останува принципиелно: без оглед на патхосот на точност во точните /егзактните/ науки, ние, строго говорејќи, не можеме ни за една физичка теорија сигурно да кажеме: вистинита е таа или не. Експерименталното потврдување на научната теорија го дава совпаѓањето на пресметаните значења со податоците на експериментот само во границите /во условите/ на грешката на експериментот. Тоа значи, дека две различни теории кои даваат пресметки што се разликуваат од податоците на експериментот не повеќе, отколку според погрешноста на експериментот, не се разликуваат во научниот метод. Тие теории можат да давааат подеднакво добро приближување до експерименталните податоци во границите на достапните нам значења на времето и просторот, и истовремено, да даваат сосема различни пресметки за многу големи значења на параметрите на времето и растојанијата. Затоа, да се прават од “потврдените” научни теории онтологиски изводи /заклучоци/ или дури просто долгорочни прогнози (како, на пример, бурно полемизираната теорија во XIX – XX век за “топлотната смрт на Вселената”) логички е некоректно. Стремежот да се даде точен количествен опис во точните науки, на парадоксален начин, има своја граница во самиот научен метод. Continue reading