Појавата на монаштвото во црковната историјата

Значењето на појавата на монаштвото вo историјата на Црквата не е помало од значењето на обраќањето во христијанство на императорот Константин.

Во епохата на Константин и во следните децении Црквата е штотуку изведена од катакомби и секој од верните се нашол во сложена ситуација. Во време на гонењата сè било јасно: постојат гонители и гонети. Сега се покажало дека вчерашните гонители стојат во храмот заедно со исповедниците на верата. Уште повеќе, решавањето на црковните прашања неретко го преземаат императорите – наследници на Константин Велики, но тие биле далеку од неговата света ревност, религиозна мудрост и такт. Аријанската ерес која била осудена од Црквата на Вселенскиот собор и, како што изгледало, била сотрена, повторно кренала глава ползувајќи ја подршката од првите лица на државата. Continue reading

Победата на Христијанството

constantineБез преувеличување може да се каже, дека обраќањето на императорот Константин го предизвикал најголемиот прелом што некогаш го доживеала Црквата.

Неговото значење не се исцрпува со промената што настанала во црковно-државните односи, во надворешните услови за животот на Црквата. Неспоредливо поважни се придвижувањата што тоа ги предизвикало во самата христијанска свест, т.е. длабокиот внатрешен пресврт кој постепено се извршувал во црковното општество. Овој процес е толку сложен и многустран, што мора со внимание да се однесуваме кон противречните оценки за «константиновиот» период: и кога еднострано го осудуваат, и кога некритички го «оправдуваат». (…) Continue reading

Крајот на «првохристијанскиот» период

Може да се смета дека «првохристијанскиот» период црковната историја завршил крајот на вториот век. Иако христијаните во Римската Империја сè уште биле гонето малцинство, сепак тоа малцинство веќе јасно го осознавало својот универзален повик. Continue reading

Почетокот на гонењата против Црквата

Почетокот на гонењата е осветлен со пожарот на Вечниот Град – Рим. Во ноќта на 16 јули 64 г. изгорел голем дел од Рим и народните гласини го обвиниле за предизикување на пожарот самиот император: а за да го сврти вниманието од себе како осомничен, Нерон ја префрлил вината на «луѓето кои народот ги нарекувал христијани… Прво биле фатени оние кои признале дека се христијани, а потоа, со нивно укажување, биле фатени многу лица кои ги осомничиле – не толку за пожарот, колку за омраза кон човечкиот род. И макар што тие луѓе и биле виновни, тие кон себе предизвикувале жал и сострадување, затоа што гинеле – не за заедничкото добро, туку за задоволување на суровиот каприц на едниот». Со овие неколку редови од римскиот историчар Тацит – полни со презир кон «штетната секта» – и се ограничуваат нашите податоци. Но, тие јасно покажуваат дека римската власт го «открила» христијанството, дека неговото постоење е сосема познато. Макар што нероновото гонење е ограничено на Рим и причината за него е случајна – токму тоа за првпат го поставува прашањето за христијаните на политичко и државно ниво, на кое ниво тоа во иднина ќе се разгледува. Навистина, тоа нема веднаш да биде решено. Крајот на I век по Христа минува во пресврти, немири и нереди. На Рим не му е дојдено до христијаните. Но, гонењата се наѕираат. На, тие години се однесува преданието на Црквата за маченичката смрт на апостолите Петар и Павле во Рим, можеби при Нерон, на Јован Богослов на Исток при Домициан (81-96). До нас дошле имињата и на други маченици. И тие инциденти кои станувале сѐ почести, го подготвувале отворениот конфликт. Continue reading

Прогоните против Црквата

Прашањето за гонењето на христијанството има долга судбина во историската наука. Познато е дека христијаните од самиот почеток ги засакале своите маченици со сосема особена љубов.

Но, таа љубов ги преукрасила со разновидни описи сувите и често многу кратки описи на маченичките подвизи кои до нас стигнале од древноста. Така во Средниот Век се создала «златна легенда», во која историската вистина се мешала со измислици, а самата суштина на гонењата била сведена на елементарна схема. Но, една крајност неизбежно води во друга. Како замена на наивната вера која непромислено се соживувала со лажни приказни, дошло сувото и уривачко сомневање на «просветителите», кои просто, го отфрлиле и самиот факт на гонењата. За луѓето од осумнаесетиот век Рим претставувал идеал на правдата, државноста, културноста. Според тоа, од каде би се нашол во него фанатизмот за религиозни гонења, каде во неговата историја се сретнуваат сите тие крвожедни императори, кои многу често фигурираат во средневековните житија? Им било разбирливо дека можело да настанат инциденти, но ништо повеќе. Волтер, епоним и вдахновител на «просветителството», злорадо ги изнесува сите преувеличувања и измислици на «златната легенда», исмејувајќи ја христијанската наивност. Но, такавата уривачка, антихристијанска критика и овде донела полза: таа ја измила од од споменот на Црквата сета лажна позлата и открила таква оригинална убавина, таква вистина за мачениците, која повеќе нема потреба од никакви украси и дополнувања. Од целата огромна житијна литература биле одделени оригиналните документи и токму тие овозможиле прашањето за гонењата да се постави и суштински да се реши. Continue reading