Подготвени ли сме за Сретение со Господа?

Кога Исус Христос наполнил 40 денови од Раѓањето, праведниот Јосиф и Богородица го однеле во ерусалимскиот Храм, затоа што, според мојсеевиот закон сите Јудејци биле должни својот прв син, на 40-иот ден по раѓањето да го однесат во храмот за да биде посветен на Бога. Притоа, како благодарност кон Бога требало да принесат жртва: вол, овен или пар гулаби – зависно од можноста на семејството. Јосиф и Марија не биле богати и во жртва принеле два гулаба.

Во тоа време, во Ерусалим живеел благочестив старец со име Симеон. Тој восхитувал со својата светост, зашто Светиот Дух секогаш престојувал на него. Восхитувал и со својат старост; имал околу 300 години. Постои предание, дека тој бил еден од 70-те мудреци кои во III век пред Христа го преведувале стариот завет од еврејски на грчки, како што заповедал египетскиот крал Птоломеј II Филаделф (син на Птоломеј I Сотер – генерал во војската на Александар Македонски), основачот на славната Александриска библиотека. Continue reading