Човековата личност

cropped-cropped-orth_wp_061_1600x1200.jpg

Протоереј Грегори Халам

Томас Скот Елиот ја почнува и завршува песната “Источен Кокер” – втората песна од “Четири квартети” – со зборовите: “Во мојот почеток е мојот крај,” а во последниот дел од таа песна тој го предизвикува секој од нас со зборовите: “Домот е онаму од каде што секој почнува. Како што старееме / Светот станува туѓ, моделот на смртта и живеењето – посложен. Не само посебен, моќен момент / без пред и потоа, / туку животниот век гори во секој момент. / Не животот на еден човек, туку на стари камења што не можат да се разгатнат (Home is where one starts from. As we grow older/The world becomes stranger, the pattern more complicated/Of dead and living. Not the intense moment/Isolated, with no before and after,/But a lifetime burning in every moment/ And not the lifetime of one man only/But of old stones that cannot be deciphered).”1

Елиот пишувал во 1940 година, кога навистина “животот горел во секој момент.” Сепак, тој пишува за нешто повеќе од војна и смрт, кога ја завршува “Источен Кокер” со зборовите: “Мора уште и понатаму да се движиме / во друга моќност / За поприсно единство, подлабока заедница / Преку мрачното студенило и зачмаената пустелија, / Бранот плаче, ветрот плаче, огромните води / на албатросот и морското прасе. Во мојот крај е мојот почеток. (We must be still and still moving/Into another intensity/For a further union, a deeper communion/ Through the dark cold and the empty desolation,/The wave cry, the wind cry, the vast waters/ Of the petrel and the porpoise. In my end is my beginning).” Зборовите на Елиот укажуваат на предизвикот со кој се соочуваме како човечки суштества – да бидеме “пред Бога” и “ сè уште да се движиме во друга моќност, за поприсно единство, подлабока заедница.” Да научиме како “сè уште да бидеме” пред Бога, движејќи се кон “поприсно единство, подлабока заедница” – тоа е она што Бог го посакува за секој од нас како доживотен предизвик – предизвик да се живее нашето Крштение како постојано обновување на нашиот живот во Бога и со Бога.

Околу 1900 години пред Т.С. Елиот, 51 г. по Христа, св. апостол Павле во последната глава на 1.Солунјаните – можеби најраното канонско послание – нè соочува со слична моќност (intensity) како кај Т.С. Елиот, со молитва; сегашниот момент од нашиот живот „да биде запазен целосно” и да нè воведе во целосно единство со Христа.

Меѓутоа, додека Елиот во првата строфа на “Burnt Norton” – првата песна од “Четири квартети” – недвосмислено изјавил: “Ако целото време е вечна сегашност/ целото време е неоткупливо”2, св. Павле се молел дека, токму преку откупот на сегашниот момент на нашиот живот се движиме “во друга моќност”, каде што минатото, сегашноста и иднината се откупени во секоја личност. Continue reading