Параболата за неблагодарните лозари

Параболата (т.е споредба) за неблагодарните лозари, Господ Исус Христос ја кажал три денови пред да биде распнат. Целта му била да ги разбуди Јудеите, да ги потсети дека биле богоизбран Народ, избрани за да ги водат сите други народи кон Бога и уште, за  да ги предупреди да не го повторат гревот што го извршиле против пророците, отфрлајќи ги светите пророци, со презир, со биење, со убиство…

Тие, јудејскиот народ, биле лозјето за кое се погрижил и го уредил Бог, Домаќинот на лозјето. Тие, за жал, заборавиле дека треба да принесат плод со благодарност пред Домаќинот и се покажале како лоши лозари. Неблагодарноста ги одвела до таму да посакаат да го присвојат лозјето за себе, да го узурпираат, откако ќе ги изгонат сите слуги што им ги испратил Домаќинот, и конечно откако ќе го убијат и неговиот Син, кој бил последната пречка за да ја остварат својата разбојничка намера.

Предобриот Домаќин им го испратил својот син и покрај нивното сурово однесување, сметајќи дека: „ќе се засрамат од мојот син!“

Колку несфатлива е Божјата љубов, колку големо е неговото трпение! Наместо да ги казни збеснатите лозари, тој повторно и повторно им дава шанса да се освестат, да се покајат, да познаат дека, како што вели св. Апостол Павле: „Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник над сè, +преку Кого ги создаде и вековите. (Евр 1,1)“

Исус Христос е поголем од најголемите, најправедните слуги или пратеници што дошле пред него.Тие на луѓето им пренесувале пораки од Бога, тој го носи самиот Бог. Тие им кажувале што бара Бог, тој им го покажува самиот Бог. Тој е „Каменот, што го отфрлија ѕидарите, но стана глава на аголот,“ главна референтна точка во историјата на светот и човештвото. На крајот, сите нас ќе не суди нашиот одговор кон Божјиот Син, каков став сме зазеле кон Него, како се однесуваме во нашиот живот и во овој свет.

Ние во секој случај формираме наш одговор кон Исус Христос, дури и кога мислиме дека го игнорираме. Continue reading

Advertisements